ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ТРОПА НА ВРАТА: Во периодот од 20 до 24 декември многу снег ќе наврне на Балканот и во Македонија!
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2024 06:00
Според најновите излези на Евроспкиот модел (ECMWF) кој секако е најажурен, во периодот од 20 до 24 декември големо количество на снег ќе наврне ширум Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија, поради тоа што ќе бидеме зафатени од многу ладен циклон кој ќе биде со центар над Средоземјето, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Во ваква ситуација најпрвин ќе имаме врнежи од дожд, за набргу на многу места врнежите од дожд да преминат во обилни врнежи од снег, како на планинските и високите места, така и во пониските места (градовите), што значи на многу места во овој период ќе има преубава снежна идила.
На метеоролошката карта можете да ја погледнете очекуваната снежна покривка во нашата Македонија во периодот од 20 до 24 Декември. Може да се види дека во најголем дел во овој период ќе се формира снежна покривка која на планините и Скијачките центри ќе изнесува дури до околу, па и над еден метар, а во повеќето градови се очекува снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и над 30 сантиметри.
Сето ова ќе биде проследено и со засилен, повремено силен ветер од северен правец, а температурите значително ќе опаднат, па така и преку ден тие на повеќе места ќе се задржат до околу, па и под нулата, што значи дека ќе има и појава на голомразица. Поради ветерот кој го очекуваме се очекува појава и на снежни наноси, особено на планинските и на повисоките места.
Апелираме во ваква ситуација, возачите доколку патуваат низ планинските превои, да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, и тоа поради очекуваната значителна снежна покривка која ја очекуваме, секако и поради голомразицата.
Голема е веројатноста со овој ладен циклон, снег да види и Скопскиот регион, како и Скопската котлина секако.
Вистинската зима ни тропа на врата и ќе ни пристигне многу наскоро“, вели Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




