15 Декември, 2025
0.0275

ОВА СЕ НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД НА НАЈМОЌНАТА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА КОМПАНИЈА - изгласани се од Собранието на акционери во петокот

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Се случија промени во Одборот на директори на Телеком, на предлог на главните акционери во компанијата. 

Досегашни неизвршни членови на Одборот на директори беа разрешени и на нивно место се именувани нови, на седница на Собранието на акционери која се одржа во петокот минатата недела. За тоа беше известена инвеститорската заедница преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Најновите промени се дека на предлог на доминантниот акционер Камени мост комуникации, кој поседува 51 отсто од акциите на компанијата, на петочната седница на акционерското Собрание, од независни неизвршни членови на Одборот на директори на Телеком биле отповикани Лубор Жатко од Словачка и Данијела Бујиќ од Германија, а на нивно место се именувани Золтан Переслењи од Унгарија и Горан Марковиќ од Црна Гора.

Нивниот мандат ќе стартува од први јуни годинава и ќе трае четири години. 

Инаку, пред неколку дена објавивме дека Собранието, на предлог на Владата, како еден од акционерите во компанијата, ги отповика Игор Милев, Нина Ангеловска, Бардул Насуфи, Шкодране Дарлишта, Аќиф Медиу, сите од позициите независни неизвршни  членови на Одборот на директори на Друштвото, а потоа Собранието на Друштвото ги избра Сашо Димитријоски, Иван Митровски, Марин Алексов, Даниела Кржовска, Нусрет Зиба и Сеад Арслани, за независни неизвршни членови на Одборот на директори на Друштвото. Мандатот на сите нови членови почнува од 30 мај 2025 година, и ќе трае 4 години.

Како што е познато, Владата поседува 33.364.875 обични акции во Македонски Телеком, што претставува 34,81 отсто од вкупниот акционерски капитал. Овој пакет вклучува и една преференцијална (златна) акција со номинална вредност од 9.733 денари, која ѝ дава на Владата едно гласачко право и посебни права согласно Статутот на компанијата.

Главниот акционер во Македонски Телеком е Stonebridge Communications AD Скопје, кој поседува 51 отсто од акциите. Останатите акции се распределени помеѓу Македонски Телеком АД, кои ги поседува компанијата во форма на сопствени акции и тоа 10 отсто, Сава пензиски фондови со 0,97 отсто, IFC со 0,76 отсто и други малцински акционери со 2,46 отсто.

Златната акција што ја поседува Владата е непренослива и ѝ овозможува посебни права, како што се правото на вето во одредени стратешки одлуки на компанијата, што ја задржува нејзината улога во корпоративното управување на Македонски Телеком.

Телеком е една од најуспешните македонски компании.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите