19 Февруари, 2025
0.0280

ОВА СЕ ТРИТЕ ЖЕНИ КОИ ПРВИ ГИ ОСЛОБОДИ ХАМАС - првите три заложнички префрлени во Израел

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Изралеската војска потврди дека првите три заложнички шти го ослободи Хамас се префрлени од Газа во Израел.

„Тие се дома“, објави израелската војска на социјалната мрежа Икс.

Ослободените три жени, се првите од 33-те заложници кои треба да бидат пуштени од Хамас согласно првата фаза од договорот со Израел за прекин на огнот во Појасот Газа.

Според израелските медиуми, трите ослободени заложнички се Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен, кои поминаа речиси 500 дена во заробеништво, од нападите на 7 октомври 2023 година.

Тие во Газа беа преземни од тим на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. На објавените телевизиските снимки се гледа како се качуваат во автомобил во Газа, придружувани од вооружени борци на Хамас.

Трите жени Црвениот крст ги предаде на израелската армија во Појасот Газа, а оттаму се пренесени во воен објект во Израел во близина на границата со Газа на првичен преглед пред да бидат однесени во болница во Тел Авив, каде што треба да се сретнат со нивните семејства.

Веднаш по објавувањето на веста, на плоштадот во Тел Авив се собраа пријатели и роднини на заложниците да го прослават нивното ослободување.

Првата фаза од договорот за примирје меѓу Хамас и Израел што стапи во сила денеска, предвидува ослободување на 33 израелски заложници држени во Газа, во замена за 1.904 палестински затвореници во израелските затвори.

За денеска беше најавено ослободување и на првата група од 90 Палестинци.

Договорот предвидува и повлекување на израелската армија од густо населените области на Појасот Газа.

Договорот беше објавен во средата, по повеќемесечните напори на САД, Египет и Катар да го убедат Израел да се согласи на прекин на огнот, а Хамас да ги ослободи заложниците.са/

Фото: Икс/принтскрин/ЕПА

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА ДО ТРАМП: Ќе го браниме нашето право да постоиме

УКРАИНА ДО ТРАМП: Ќе го браниме нашето право да постоиме

(ВИДЕО) ЖИВЕЕ ВО МЕСТО КАДЕ ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЕ СПУШТААТ ДО МИНУС 50 СТЕПЕНИ: За парно платила сметка од само осум долари

(ВИДЕО) ЖИВЕЕ ВО МЕСТО КАДЕ ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЕ СПУШТААТ ДО МИНУС 50 СТЕПЕНИ: За парно платила сметка од само осум долари

АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА: Се топи рејтингот на Трамп

АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА: Се топи рејтингот на Трамп

ДЕСЕТ НАЈЧИСТИ ДРЖАВИ ВО СВЕТОT: Балтичка земја е на врвот

ДЕСЕТ НАЈЧИСТИ ДРЖАВИ ВО СВЕТОT: Балтичка земја е на врвот

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОР НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ТРАМП: Путин треба да биде во затвор или да биде погубен

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОР НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ТРАМП: Путин треба да биде во затвор или да биде погубен

СЕ ЈАВИ ПУТИН: Даде коментар за преговорите во Ријад, сака да се види со Трамп

СЕ ЈАВИ ПУТИН: Даде коментар за преговорите во Ријад, сака да се види со Трамп

„ЗЕЛЕНСКИ САКА ПАРИ И МОЌ“: Маск ја поддржува оваа теорија

„ЗЕЛЕНСКИ САКА ПАРИ И МОЌ“: Маск ја поддржува оваа теорија

„НОВИ ЦЕНТРИ НА МОЌ СЕ ПОЈАВУВААТ НА МАПАТА НА СВЕТОТ“: ден по предговорите Лавров откри што е најважно за Русија и повторно ги нападна Западот и Украина

„НОВИ ЦЕНТРИ НА МОЌ СЕ ПОЈАВУВААТ НА МАПАТА НА СВЕТОТ“: ден по предговорите Лавров откри што е најважно за Русија и повторно ги нападна Западот и Украина

НОВ УДАР ЗА ЗЕЛЕНСКИ - „Не требаше да ја започнете војната“: лидерот на САД со нова поддршка за Путин

НОВ УДАР ЗА ЗЕЛЕНСКИ - „Не требаше да ја започнете војната“: лидерот на САД со нова поддршка за Путин