ПУТИН РАЗГОВАРАШЕ СО ПАШИНЈАН: Дали Русија се заканува на Ерменија?
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2025
Рускиот претседател Владимир Путин ја укори Ерменија дека се обидува да му се приближи на западот, со закана дека Москва нема да го прости тоа.
Путин и ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска телефонски разговараа за најновите чекори на Ереван за приближување кон Европската Унија(ЕУ). Лидерите разговарале и за соработката во енергетскиот сектор. Ерменија, кавкаска држава која се повеќе се оддалечува од својот традиционален сојузник и заштитник Русија, потпиша договор со САД за проширување на безбедносната соработка.Вашингтон и Ереван формираа Комисија за стратешко партнерство. Во 2023 година Ерменија претрпе пораз од Азербејџан и потоа почна да негува поблиски односи со западните земји. Ерменија месецов го одобри законот за иницирање на апликацијата за членство во Европската Унија(ЕУ). Ерменија одобри закон со кој се повикува на започнување на процесот за членство во ЕУ, бидејќи поранешната земја на Советскиот Сојуз одлучи да поднесе апликација за пристапување. Законот е подготвен по успешна петиција.