„ОВАА ГОДИНА РАБОТИТЕ ЌЕ СТАНАТ УШТЕ ПОВОЗБУДЛИВИ“: Константин ќе добие братче за само неколку месеци - Курц се пофали, ќе има уште едно дете
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2025
Себастијан Курц се пофали на Инстаграм дека неговата сопруга е бремена и за неколку месеци ќе имаат уште едно дете.
Неговото семејство досега го имаше синчето Константин, а сега, според неговата објава ќе имаат уште еден син.
„Пред три години за нас започна прекрасно поглавје со раѓањето на Константин. Оваа година работите ќе станат уште повозбудливи. Пресреќни сме што Константин за само неколку месеци ќе му пречека братче“, објави тој.