08 Декември, 2025
0.0285

ПО ТРИ ОДЛАГАЊА ИМРАН КАН ДОБИ 14 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПРОНЕВЕРА - казна доби и сопругата на поранешниот премиер на Пакистан

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2025 11:42

Добивај вести на Viber

Пакистанскиот суд денеска ги осуди на затвор поранешниот премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби Кан. Поранешниот премиер доби 14 години затвор, додека неговата сопруга седум години затвор, откако ги прогласи за виновни за корупција, соопштија официјални лица и неговиот адвокат.

Тие беа осудени по обвиненија за корупција во случајот Ал Кадир Траст, каде Кан и неговата сопруга се обвинети за проневера на 190 милиони фунти, објавија пакистанските медиуми. Судијата ја изрече пресудата во затворот Адиала каде се сместени обвинетите Кан и Биби, објави АРИ Њуз.

Судот им изрече и парични казни, а доколку не ги платат им се закануваат дополнителни затворски казни.

Пресудата претходно три пати беше одложувана - на 23 декември, 6 јануари и повторно на 13 јануари, јавуваат пакистанските медиуми. Последната пресуда се однесува на Фондот Ал Кадир, невладина хуманитарна организација основана од Кан и неговата трета сопруга, Бушра Биби, во 2018 година, за време на неговиот мандат.

Според пресудата, фондот бил фронт што му дозволувал на Кан да прифати вредна земја како поткуп од инвеститорот Малик Риаз Хусеин, еден од најбогатите бизнисмени во Пакистан, пренесува Политика.рс.

Кан негираше дека сторил нешто лошо и, од неговото апсење во 2023 година, тврдеше дека сите обвиненија против него се заговор на политичките ривали, чија цел е да го спречат да се врати на функцијата. Тој беше сменет со гласање недоверба во парламентот во април 2022 година, а претходно беше осуден за корупција, оддавање службена тајна и кршење на законите за брак во три одделни пресуди и осуден на 10, 14 и седум години во затвор.

Според пакистанскиот закон, тој треба да ги отслужува казните истовремено, што значи најдолгата казна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев