Оваа година ќе се преработат 183 милиони килограми грозје
Објавено во: Агробизнис 27 Октомври, 2013 14:45
183 милиони килограми грозје или за 30 отсто повеќе во однос на лани ќе преработат македонските винарници годинава , изјави заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски во тек на денешната посета на општина Босилово, каде имаше средби со земјоделци од село Сарај и ја посети винарницата „Далвина“ во Хамзали.
Привршува откупот на винското грозје , а оваа година е една од подобрите во лозарството. Откупната сезона на грозјето, помина мирно и со заедничко разбирање помеѓу лозарите и преработувачите, оцени Коњановски.
Заменик-министерот за земјоделство ја потенцираше подготвеноста на винарниците, што годинава од македонските лозари откупиле 160 милиони килограми, а од своите површини набрале 23 милиони килограми винско грозје.
- Интересен е и податокот што годинава е значително намален извозот на винско грозје во соседните земји и е сведен на само 9 милиони килограми, рече Коњановски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





