Оваа недела е многу битна!
Објавено во: Анализа
05 Ноември, 2012
Добивај вести на Viber
Токму така. Серија настани од големо значење во Европа и САД треба да се случат оваа недела. Нивниот резултат ќе влијае на економската судбина на светот, но првенствено ќе им даде насока на берзите кои никаде не отидоа оваа недела (впрочем поради ураганот Сенди во САД не работеа цели два дена).
Што ќе се случува ?
- Пред се финале на најголемото политичко шоу. Изборите во САД. Пазарите не сакаат несигурност, а несигурноста ја има на тони изминатиов период. Мешаните економски извештаи, постојани топло-ладни информации од добивките на компаниите и згора на се ураганот Сенди беа доволни пазарите да се замрзнат и да чекаат. По изборот на претседател сите ќе може да се завртат кон она што мора да се реши – Фискалниот амбис. Овој проблем стои како гилотина над економијата во САД. Ова е проблем што мора да се реши. Се смета дека победата на Ромни ќе биде попозитивна за пазарите, меѓутоа анкетите му даваат засега предност на Обама.
- Заедно со изборите за претседател ќе се бира она што кај нас го викаме парламент или конгрес и сенат во САД. Значи дополнително со изборите ќе треба да се следи кој ќе го има мнозинството во двата дома. Во случај власта да се подели, ситуацијата ќе стане страшно комплицирани и темни облаци може да дојдат над Вол Стрит.
- Грција – Болката на Еврозоната. Петта година во рецесија и тотален економски крах на државата на југото од Македонија. И никако да има крај на кошмарот. По којзнае кој пат пред почетокот на расправата за буџетот за 2013 година, најавен е нов 48 часовен генерален штрајк. Доколку новиот пакет реформи не биде изгласан повтрно Грција оди на работ на банкротот. Овој пат има сериозна причина да се верува дека ќе биде тесно. ПАСОК и Демократската левица т.е. голем број на нивни пратеници најавуваат дека ќе гласаат против. Без дилема очите на Брисел ќе биде завртени накај Атина. Само минатата недела атинската берза потона големи 13%.
- Уште една работа која требаше да се случи минатата недела можеби ќе се случи во оваа која доаѓа пред нас. Мудис најави дека ќе донесе одлука за кредитниот рјтинг на Франција. Во случај истиот да биде намален можно да се случи поактивно продавање на француските обврзници што секако ќе значи зголемување на проблемите во еврозоната.
- Во меѓувреме Шпанците ќе продаваат обврзници, останува да видиме кој ќе ги купи и с кој принос ќе бидат продадени. Секое зголемување на прносот на овие обврзници, значи и нов негативен удар за европските берзи.
Редакција Фактор
Интересна недела за светската економија, ни требаат само седум дена и ќе знаеме што ќе се случува.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.