Оваа сабота REset & REtalks со Реплек и Елена Бубало: Вежбај, прашај и инспирирај се
Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2025 10:38
Во рамките на РЕсет платформата на „Реплек“ за добросостојба, под мотото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало. Сесијата ќе се одржи в сабота, 18 октомври, со почеток во 11.00 часот, во малата сала во СРЦ „Борис Трајковски“. Овојпат платформата добива додадена вредност, бидејќи учесниците, покрај да вежбаат, ќе имаат можност и да прашуваат како дo подобра форма, но и како да ја одржат добросостојбата. Елена Бубало ќе биде на располагање за прашања од учесниците, како и за совети. Токму и затоа ова шесто издание на настанот е насловено како „REset & Retalks“, најавувајќи уникатно искуство што ќе комбинира динамична сесија на вежбање и отворени разговори за одржувањето на кондицијата и здравите животни навики.
Оваа сесија е дел од серијата бесплатни настани за вежбање и работилници кои ги реализира „Реплек“, во рамките на РЕсет - платформата за добросостојба, за поттикнување ведар дух, здраво тело и ментална сила, а со цел да се подобри нивото на општото здравје кај граѓаните. Учесниците, како и на сите досегашни вакви настани, ќе биде доволно да донесат само простирка за вежбање, во комбинација со својата позитивна енергија.
Меѓу другото, присутните на претстојната „REset & Retalks“ сесија ќе добијат многу практични совети за вежбањето, насоки за исхраната што треба да ја практикуваат доколку сакаат подобри резултати од тренинзите, како и мотивациски препораки како да се надминат личните предизвици што нѐ оттргнуваат од вежбање и тоа да се претвори во начин на живот.
Настанот ќе биде отворен за јавноста, а сите што се подготвени да излезат од комфор зоната ќе можат своето место да го резервираат преку следниов линк: https://shorturl.at/wbNsX.
Носечката идеја на РЕсет платформата е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството преку конкретни активности за промоција на менталното и физичкото здравје, реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области. Во јуни годинава во рамки на оваа платформа се одржа тренинг на отворено на плажата Бафало во Охрид. Следуваат нови сесии преку кои Реплек и Елена Бубало ќе продолжат да внесуваат свежина и инспирација во промовирањето на добросостојбата.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





