Оваа земја ќе дава и четврта доза од вакцината против коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Август, 2021 06:43
Турција е земјата која ќе дава и четврта доза од вакцината против коронавирусот.
Ова ќе важи за оние кои примиле две дози од кинеската вакцина „Синовак“ за да ги исполнат европските стандарди кои не го признаваат кинескиот лек.
Минатиот јули, турските властите почнаа да им даваат трета доза од вакцината на здравствените работници и луѓето постари од 50 години, затоа што студиите покажаа дека антителата поттикнати од вакцинацијата со „Синовак“ опаѓаат по околу шест месеци. Турција досега вакцинираше повеќе од 6,81 милиони луѓе со т.н. бустер-вакцина. Луѓето во Туција кои се заразиле со ковид-19 сега ќе имаат право на вакцинација еден месец по закрепнувањето, за разлика од претходно, која тој период изнесуваше три месеци. Досега во земјата над 53.000 луѓе починаа од вирусот.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




