Оваа земја масовно купува злато во прачки
Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2017 16:33
Се зголемуваат резервите со злато на Русија.
Централната банка во земјата од скоро масовно купува злато во прачки.
Според зборовите на аргентинскиот финансиски експерт, Габриел Рубинштајн таа политика има за цел да ја заштити руската економија во случај на следна кризна ситуација. Тука се мисли на американските манипулации со доларот. Централната банка на Русија значајно го зголемила темпото на откуп на злато.
„Земјите го складираат златото од одбранбени и од стратешки причини. На пример во случај кога односите меѓу земјите се нарушени и нивната валута ја губи вредноста, добро е да се има злато, кое има вистинска вредност во споредба со другите финансиски средства. Русите сметаат дека е подобро да го имаат овој благороден метал отколку да поседуваат резерви во долари“- вели Рубинштајн.
Во периодот од јануари до септември оваа година купила 4,2 милиони унци или околу 130 тони од тој метал во вкупна вредност од пет милијарди долари, што е за 15% повеќе во однос на истиот период лани.
Инаку, Светскиот совет за злато (World Gold Council/WGC) во јуни објави нов попис на земји кои имаат најголеми златни резерви, а на првото место се Соединетите Американски Држави, со 8.133,5 тони.
На листата се наоѓаат 100 најбогати земји, а на второто место е Германија со 3.377,9 тони, додека на третото место се наоѓа Меѓународниот монетарен фонд со 2.814, 0 тони.
Помеѓу 10 најбогати се наоѓаат Италија, Франција, Кина, Русија, Швајцарија, Јапонија и Холандија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





