Овој четврток се одржува 21-то издание на Бизнис Кафе Македонија
Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2017 10:54
Овој четврток (09.02.) во кафе-бар “Мартини“ (т.ц. Лептокарија) во Скопје, со почеток од 18:00 часот, ќе се оддржи 21-вото издание на најпопуларниот бизнис-нетворкинг настан во државава Бизнис Кафе Македонија.
Своите бизнис искуства, успеси и научени лекции – со присутните ќе ги споделат: Драгана Чифлиганец – извршен менаџер во градежната компанија Адора инженеринг; Лазе Камчев – главен извршен директор на КД Фондови; Валентина Дисоска – Претседател на здружението на бизнис жени на Македонија и Благој Нацоски – најпознат македонски тенор во светот!
Дружењето вообичаено трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, а потоа следува дел за бизнис вмрежување (speed dating) и неформално дружење меѓу сите присутни.
Карти за настанот може да се купат електронски преку “Купи Карти за Се“ на следниов ЛИНК, на фактура со испраќање на маил на: mkbizniskafe@gmail.com или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




