18 Декември, 2025
0.0595

„ОВОЈ СЛУЧАЈ МОРА ДА БИДЕ ЦЕЛОСНО ДОСТАПЕН НА ЈАВНОСТА“: СДСМ бара итна декласификација на документација поврзана со прислушкувањето

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2025 12:28

Добивај вести на Viber

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување, изјави портпаролката на партијата, Богданка Кузеска. 
Таа истакна дека е  неопходно веднаш да се декласифицираат сите документи и јавноста да ја дознае вистината.
- По контрадикторните изјави на Мицкоски и Христовски, Мицкоски вели едно, дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ го демантира и вели друго: дека станува збор за „прибирање информации за таргетирани лица“. Кој овде лаже?

Не може вака да се нафрлаат само изјави во јавноста без докази да им се приложат на граѓаните. Овој случај мора да биде целосно достапен на јавноста за да се утврди дали и кој ја злоупотребил функцијата во безбедносните служби - нагласува Кузеска во денешната пресконференција. 

Потоа додава дека доколку АНБ тоа не го направи, ќе стане јасно дека станува збор за уште еден неуспешен обид за манипулација од страна на власта и предизборна злупотреба.

- Исто како и во случаите со наводни дестабилизации, со некакви дронови, со обиди за поткуп од странски компании на премиерот и низа други измислени приказни кои завршија без никакви докази и без разрешница.

ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го злоупотребува за партиско мешетарење за дневнополитички цели.

Тоа е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, кои имаат само една цел, да го одвлечат вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Од катастрофалните економски политики на власта, од ниските плати кои не растат, од неисполнетите ветувања, од скандалите кои секој ден ја тресат владата - нагласува Кузеска. 

Потоа додава дека растечко незадоволство кај граѓаните поради катастрофалните политики и неисполнетите ветувања е само една од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ рециклира потрошени стратегии од времето на Никола Груевски.

- Но, граѓаните веќе не им веруваат на овие лажни афери и празни приказни.

Само итната декласификација на целокупната документацијата за случајот со АНБ ќе покаже дали се работи за реален безбедносен проблем или за уште една евтина манипулација на власта во обид да се покријат сопствените неуспеси - дополнува Кузеска. 

Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска