02 Декември, 2024
0.0550

Овоштарите се жалат за пласманот, но бројот на јаболкови стебла се зголемил

Објавено во: Агробизнис 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Aко ги погледнеме статистичките податоци за бројот на јаболкови стебла во земјата, бројките покажуваат раст, иако лани имаше проблем со пласманот на родот.

Во 2008 година имало 4.154 родни стебла, во 2013 година биле  4.385 стебла, а во 2018 година имало 4.724 јаболкови стебла. Ова го покажуваат податоците од Државниот завод за статистика објавени во публикацијата Северна Македонија низ бројки 2019. Има повеќе фактори кои довеле до зголемување на бројот на јаболкови стебла во државата.

„Од 2008 година има субвенции, заменети се старите јаболкови насади кои имале по 30 години со нови, и младите се впуштија во овоштарството со надеж дека ќе има иднина. Сега веќе имаме стагнација. Оваа година ако нема добра цена и пласман, ќе почнат површините под јаболка да се намалуваат. Има дел насади со цреши и со лешници. Лани имаше богат род, хиперпродукција на  јаболка некаде 160.000 тони, дел оштетени од градот. Европскиот пазар беше заситен и имаше проблеми со пласманот. Сега имаме околу 120.000 тони јаболка со подобар квалитет, и се надеваме дека во септември и октомври ќе имаме и добра цена“, вели Љубе Пампулески, претседател на здужението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен.

Фросина Георгиевска од Преспа вели дека од 2013 година досега ги зголемиле површините затоа што се одлучиле да се занимаваат исклучиво со земјоделство.

„Со дипломите кои ги имаме не можеме да најдеме работа и решивме да ги зголемиле површините. Од 0.80 хектари преминавме на 2.5 хектари“, раскажува таа.

Вели дека и во иднина ќе ги прошируваат површините, но со други култури, и размислуваат дали тоа ќе биде компир или зелка.

16 827 хектари земјиште во 2018 година во државата биле под овоштарници.

Во 2008 година едно стебло раѓало во просек по 42 килограми јаболка, во 2013 година 26, а во 2018 година просекот бил 30 килограми.

Дел од овоштарите лани разорачани од ниската цена и немањето пламан, ги фрлаа јаболката, а имаше и иницијатива да ги подаруваат на социјално загрозени семејства јаболката за да не ги фрлат. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.