„ОЖЕНИ СЕ И ШТЕДИ“: бура од реакции за новонајавениот данок за немажени и неженети - 'УШТЕ ЛИ НЕ НАУЧИВТЕ'
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2025 07:46
Не стивнуваат реакциите меѓу граѓаните по објавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се размислува за воведување на Данок на немажени и неженети.
Особено активни и „проникливи“ се бројните коментари на социјалните мрежи каде многумина го критикуваат најавениот потег, иако има и такви кои посочуваат дека на некој начин слични даноци се применуваат и во други земји.
Дел од европските земји применуваат фискални стимулации за брачни парови или за семејства, што може да се смета за индиректна форма на таков данок. Во некои случаи, венчаните парови плаќаат помалку данок отколку поединци со иста вкупна заработка, и тоа се применува во Франција, Германија и Јапонија.
Во Сингапур има големи бенефиции за брачни парови, но нема казна за неженетите.
- Тие што те советуваат вака да ги пратиш да идат овци да пасат, а и тие што се исмеваат на жени без деца. Немање деца не е секогаш избор, каде живеете вие? Ако е празна касата така кажете, а не се мешајте у личен простор - напиша Ина Многуфина.
Професорката Мирјана Најчевска беше навистина креативна:
Имаше и такви кои сметаат дека ова е метод за пренасочување на фокусот на граѓаните на небитни теми додека во позадина се одигурваат многу значајни политички случувања на штата на наѓата земја.
Критиките не запреа тука, туку напротив, многумина „го одврзаа јазикот“.
- Не размислуваат за ДАНОК на прв втор трет празен стан (140.000 празни станови според последниот попис), не размислуваат за кого и како се градат тие силни станови, не размислуваат што ФК Брегалница ја купи Фенербахче, а ФК Тиквеш исто турчин, не размислуваат што секоја петта новоотворена фирма е турска (немам ништо против турците), не размислуваат што ја продадоа цела Македонија со се име и знаме, ама они денес размислауваат за данок на немажени и неженети - пишува во коментарите.
Дел од граѓаните пак укажаа на бројните недостатоци на кои треба да се посвети внимани пред да се присилува народот на бракови или да му се наметнат дополнителни даноци.
Но и такви кој пронајдоа нов „бизнис модел“ во најавата на премиерот.
Твитерџиите беа уште покреативни во своите ставови, иако имаше и такви кои посочија на даноците низ Европа, каде самците плаќаат повеќе.
Иако веќе се крена голема галама околу таканаречениот „Данок за Неженети“ всушност не е ништо ново – слични системи постојат и во Германија и Франција , само што таму се претставени пред народот на малку поинаков начин (помали даноци за мажени, но не пополеми за немажени) 1/3 pic.twitter.com/qKemFtwn2F
— Деца за Македонија (@demomkd) July 4, 2025
Данок за немажени/неженети.
— CallmeX13 (@CallMeX134) July 4, 2025
Ко во симулација да живееме.
Го допревме ли дното или има уште подолу?
Таман ќе си рече човек тоа е тоа, ама неее, има и подолу. pic.twitter.com/NyYUFZ2TWU
Данок за немажени и неженети како стимул луѓето да стапуваат во брак.
— John Q (@johnqqqqqqq) July 4, 2025
Како млад неженет само ме стимулира да протестирам против оваа дискриминирачка политика или да ја напуштам државата!
Наместо позитивни мерки како месечен додаток за новороденче тие ќе полнат буџет!!
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




