Означен стартот на градежните работи кај Смилковци
Објавено во: Македонија 03 Март, 2015
Денеска беше означен стартот на на градежните работи за изградба на приклучни рампи на постојниот натпатник на северната обиколница околу Скопје во близина на месноста Смилковци.
Се предвидува оваа клучка да овозможи побрз и побезбеден транспорт на околу 8.000 жители од пет населени места на кои за 10 километри ќе им го скрати патувањето до центарот на Скопје.
Оваа инвестиција ќе однесе околу 40 милиони денари, а предвидено е градбата да трае околу една година.
Министерот Миле Јанакиески посочи дека изградбата на клучката влезе во програмата на Владата на барање на градоначалниците на Град Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.
Според градоначалникот Трајановски корист од изградбата на клучката ќе имаат граѓаните од Смилковци, Црешево, Виниче, Булачани, Раштак и Стајковци.
(Фото:скопјеинфо.мк)