ПАЦИЕНТИ ОД БЕЛГРАД ЌЕ БИДАТ ПРЕНЕСЕНИ ВО КРУШЕВАЦ: Србија брои повеќе од 4.000 заразени
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Март, 2021
Србија викендов беше во карантин, но бројките на заразени и понатаму се високи. Во Србија има 4.091 новозаразен од коронавирусот и 17 починати.
Податоците на Министерството за здравство и Институтот „Батут“ покажуваат дека 176 луѓе се на апарати за дишење. Денес имаше состанок помеѓу министерот за здравство, Златибор Лончар и директорите на ковид-болниците, по што беше соопштено дека здравствениот систем е пренапрегнат и дека бројот на пациентите кои се примаат во болниците е многу поголем од оние што се отпуштаат. Пациентите од Белград, бидејќи се полни капацитетите, ќе бидат пренесени на лекување во ковид-болницата во градот Крушевац. Лекарите претходно рекоа дека граѓаните се опуштија бидејќи тие се земја која се покажа како многу успешна во процесот на имунизација.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.