26 Ноември, 2024
0.0323

ПАЦИЕНТИ СО СЕРИОЗНИ СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ, СО ВОСПАЛЕНИЕ НА Р’БЕТЕН МОЗОК ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Животозагрозувачки постковид компликации

Објавено во: Македонија 03 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Постковид компликациите се нов предизвик кој допрва ќе треба да го решаваме и да се справуваме со него, зошто некои од нив се навистина сериозни и животозагрозувачки, велат за Фактор д-р. Даниела Буклиоска Илиевска, пулмолог и д-р. Тања Делева специјалист невролог во ГОБ „8 Септември“, каде во последниот период доаѓаат одреден број на пациенти кои го прележале Ковид-19, а сега имаат други тегоби.

Самиот вирус има мноштво рецептори во различни ткива и органи, со тоа предизвикува мултиорганаска оштета и тоа не поминува толку брзо, туку си остава последици. Постковид синдром се јавува по четири недели од инфекцијата со вирусот и тоа како акутен и хроничен, зависно од периодот колку што трае, во првите 12 недели пост ковид, но има и постковид тегоби кај некои пациенти кои траат и повеќе од 12 недели. Причините за тој постковид синдром кој се јавува после два последователни негативни ПЦР тестови или веќе не ги ни тестираме, сметаме дека после 20 дена пациентите не се инфективни за околината, но после тој период поминат на активна инфекција, настапува период за можност на развој на постковид синдром и тоа акутен и хроничен, зависно од периодот колку што трае. Бидејќи периодот на следење на пациентите ни е многу мал, имаме само една година искуство научно и не можеме да донесеме некои заклучоци дефинитивни, се е во стадиум на секојдневно и итно истражување, сепак има и пациенти кои во овој краток период на анализа имаат тегоби дури и 6 месеци после прележаната болест, нешто слично како што беше инфекцијата со вирусот САРС во 2002 и МЕРС во 2012 година. Бидејќи ова е од слична група на вируси, со реално многу слична клиничка слика и мултиорганска оштета се смета дека многу од овие пациенти кои прележале Ковид-19 во изминатава година, на голем дел ќе им продолжат тегобите можеби и дури неколку години, ако веќе го земеме искуството со претходните епидемии на САРС и МЕРС, вели д-р. Буклиоска.

Истовремено посочува дека постковид компликациите се јавуваат кај еден од 10 пациенти во просек, или според досегашните проценки од 2 до 25 отсто, зависно од истражувањата каде се спроведени. Обично станува збор за средна возраст на пациенти, но возрасната популација е сепак најранлива, особено поради ризик факторите што ги имаат пред инфекцијата.

-Причината е нејасна, но неколку фактори доаѓаат предвид, вирусот не е жив и не е активен, но е тригер на одговор во телото кој што доведува до перзистентни тегоби. Една од причините е и ексцесивна инфламација или преизразен воспалителен одговор од страна на домаќинот кон вирусот кој веќе не е присутен, меѓутоа организмот се однесува како вирусот да е тука, а од друга страна е и автоимуниот одговор, односно создавање на автоантитела кои го оштетуваат здравото ткиво, како и пореметување во нервниот систем како причина за тегобите кај постковид симптомите. Значи станува збор за пореметена регулација на автономниот нервен систем и уште една причина се микротромбите кои настануваат во различни органи, пред се срцето, мозокот, белите дробови, бубрезите и мноштво други органи и ткива, доведувајќи до нивна оштета и последователна симптоматологија, истакбува во нашиот разговор д-р. Буклиоска.

Од нејзиното досегашно искуство, како што вели, најчести симптоми кои се јавуваат во постковид периодот е изразена слабост, тоа е најчест симптом кај акутна ковид инфекција, но најчест симптом е и за постковид синдромот, потоа глад за воздух, симптом се и мускулните болки кои што се многу чести, градната болка или чувството на стегање во градите кои пациентите го опишуваат на различен начин зависно од што е предизвикано, дали од белодробно или срцево потеклото, несоница, косопад, стомачни тегоби, останува и кашлицата како симптом, и тоа или сува, или продуктивна кашлица, вртоглавица, и онаа мозочна магла која е многу актуалена, а станува збор за пореметена концентрација и размислување и која практично ги оневозможува пациентите да се вратат на нивните секојдневни обврски по прелеѓан ковид. Има и синдром на црвени очи, зуење во ушите, значи ова се најчестите симптоми на постковид синдромот.

-Во однос на афекција на органите имаме воспаление на срцев мускул, се јавува и акутен коронарен синдром со последователна потреба од кардиолошка интервенција, се јавува и акутна бубрежна слабост, односно откажување на бубрезите, афекција на белите дробови. Има голем број на пациенти кои ги полнат пулмолошките амбулатни по прележан ковид со оној симптом кој го спомнав, глад за воздух. Се смета дека ковидот доведува до зголемен ризик за паркинсон и алцхајмер, ќе видиме допрва што ново ќе откриеме и она што најмногу загрижува е пореметената коагулација заради микротромбите. Во однос на кардиоваскуларните пореметувања имавме пациенти и уште повеќе ќе имаме. Тоа се пациенти кои се јавуваат на преглед заради некоја аритмија или чувство на стегање во градите кои укажуваат дека има исхемично страдање на срцето, буквално срцевиот мускул гладува за кислород, па се јавува таа коронарна артериска болест, која понатаму бара интервенција. Имавме и пациенти со перикарден излив по прележан ковид. Миокардитот не е толку редок колку што ние мислиме, за ова се направени и многу студии. На пример, Германија објави студија која покажува дека по направена магнетна резонанца на срцев мускул од 100 учесници, дури 60 проценти имаат воспаление на срцевиот мускул и дека во суштина тоа воспаление го има и кај благи форми, не морал пациентот да имал тешка клиничка слика, дури и кај благи форми на инфекцијата може да се јават вакви сериозни состојби, посочува пулмологот Буклиоска.

Истовремено, во разговорот за Фактор, д-р. Делева од нејзината област посочи низа примери на постковид компликации.

-Во текот на секодневната работа се среќаваме со пациенти кои веќе прележале ковид, и тоа знаејќи или незнаејќи зошто некои биле и асимптоматки, а тоа го дознаваме преку серолошките анализи кои се прават на нашето одделение се прават ако пациентот е хоспитализиран. Преку серологијата всушност утврдуваме дека пациентот бил во контакт со САРСКов2 и потоа низ анамнезата дознаваме дека имал некој симптоми кои не ги поврзувал со заболувањето и не се јавил на лекар, зошто овие пациенти поминале или со лесна клиничка слика или пак биле асимптоматски. Но, имаме и пациенти кои имале клиничка слика и биле третирани од болеста, а кај нас дошле заради некаква невролошка состојба. Најчесто тоа се цереброваскуларни болести, исхемични мозочни удари, токму јас сум имала искуство со такви пациенти. Тоа се се сепак пациенти кои се повзрасни, па и не можеме секојпат со сигурност да тврдиме дека инфекцијата со болеста Ковид-19 придонела за исхемичното мозочно случување, но сум имала и случај на млад пациент кој освен хипертензија не познава друг коморбидитет, но тој е на таква виозраст која не е вообичаена за цереброваскуларни случувања во отсуство на сериозне коморбидитет, асепак се случува мозочна исхемија отприлика месец дена од иницијалната инфекција со САРСКов2, што можеби не наведува на размислување дека можеби и самата инфекција придонела за мозочниот удар како компликација на инфекцијата. Сум имала и пациент кој што имаше воспаление на рбетниот мозок, кај пациент кај кој серолошки беше утврдено дека бил во контакт со инфекцијата. Тој имаше отприлика 50-тина години и во медицината е познато дека миелитот се јавува после некоја респираторна инфекција. Дури и обичен грип може да биде тригер да се јави миелитис. Така да најверојатно кај тој пациент стануваше збор за постковидкомпликација. Покрајцереброваскуларни, ете се соочуваме и со такви компликациии и тоа дури и кај поединци кои не почувствувале клинички симптоми за Ковид-19 кои би ги навеле да се тестираат и да се јават на лекар или пак оние кои имале лесна клиничка слика, вели д-р. Делева, специјалист невролог.

И низа други вируси придонесуваат за вакви сериозни состојби, вели д-р. Делева и истовремено апелираше дека сега кога се јавуваат и многу други мутации треба особено да бидеме внимателни. Дисциплината, посочува таа, треба да биде на многу повисоко ниво.

-Искусивме на своја кожа многу сериозни работи, секој во своето опкружување има некој што познава како ја поминал болеста, па сега со појавата на новите мутации треба да покажеме повисоко ниво на светс и да бидеме сите, и ние како лекари и луѓето дека ова е вирус со кој што нема шега, кој е непредвидлив во однос на која било манифестација и најдобро ни ги знае слабостите, повеќе од нас самите, заклучува д-р. Делева во нашиот разговор. 

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје