Пациентите кои се позитивни на тестот за коронавирусот во Систина, ќе мора да се тестираат и во ИЈЗ
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Април, 2020
Задолжително треба сите пациенти кои
претходно се покажало дека се позитивни на коронавирусот, а кои тестовите ги
направиле во Систина, да направат тест за присуство на вирусот во Институтот за
јавно здравје, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во
министерството, соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението на министерството за здравство се појаснува дека тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции.
-Имено, тие тестови го детектираат присуството на антитела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на антитела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.