17 Декември, 2025
0.0462

Пад на цените на акциите на Wall Street

Објавено во: Економија 17 Јули, 2013 10:52

Добивај вести на Viber

Индексот S&P 500 по осум дена непрекинат раст, вчера на Wall Street падна поради слабите деловни резултати на неколку компани, но и поради внимателност на инвеститорите во пресрет на извештајот на Фед во Конгресот за монетарната политика.

Dow Jones ослабна 32 поена, или 0,21 отсто на 15.451 поен, додека  S&P 500 падна на 0,37 поени, на 1.676 поени, а Nasdaq се намали за 0,25 отсто, на 3.598 поени. Откако во понеделникот S&P 500 и Dow Jones трет ден по ред достигнаа рекордни нивоа, вчера цените на акциите паднаа. Притоа вредноста ја изгубија осум од десет сектори во составот на S&P 500, што е последица на послабите од очекуваните деловни резултати на неколку компании, меѓу кои и на Coca-Cola. Акцијата на познатиот производител на пијалоци падна за речиси два отсто. Од исти причини цената на Yahoo падна за над 2,5 отсто, а за 1,7 отсто поевтини и акцијата на Goldman Sachs, иако банката извести за подобри резултати од очекуваните. Досега во сезоната на деловни резултати, започната пред една недела, повеќето компании известија за подобри финансиски резултати од очекуваното, но треба да се напомене дека очекувањата се поставени ниско.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар