07 Октомври, 2024
0.0244

ПАД НА ИЗВОЗОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Најголемиот бизнис партнер откажува љубов?

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во првите четири месеци од годинава, обемот на трговска размена во Македонија е намален за 13,1%, во споредба со лани истиот период. Односно, во периодот од јануари до април годинава обемот на стоковата размена во Македонија изнесувал 3,34 милијарди долари. При тоа извозот од Македонија за четири месеци од годинава изнесувал 1,35 милијарди долари, додека увозот изнесувал 1,99 милијарди долари. Анализата на податоците покажува дека извозот во периодот од јануари до април бележи намалување  од 11,4%, додека кај увозот во истиот период имаме намалување од 14,2%. Увозот на храна и живи животни во периодот од јануари до април годинава изнесувал 190 милиони долари, додека лани истиот период изнесувал 226,4 милиони долари. Тоа значи дека увозот на храна и живи животни е намален за 16% во периодо од првите четири емсеци од годинава спордедно со истиот период минатата година. Увозот на пијалоци и тутун во првите четири месеци од годинава, изнесувал  17,7 милиони долари, а лани истиот период изнесувал 19,3 милиони долари,. Тоа е намалување за 8,2% Потоа за 12,2% е намален увозт на суровини(кои не се храна) освен гориво.Па така во првите четири емсеци од годинава изнесувал 72,6 милиони долари, додека лани во истиот период изнесувал 82,7 милиони долари. Увозот на минерални горива годинава изнесувал 244,4 милиони долари, додека лани во истиот период, односно во првите четири емсеци од годината изнесувал 382,2 милиони долари. Тоа е намалување за 36,1%. Увозот на машини и транспортни уреди е намален за 8,6%. Односно годинава во првите четири емсеци изнесувал 380,5 милиони долари, а лани истиот период изнесувал 416,3 милиони долари. За 7,8% е намален увозт на производи класирани според материјалот. Па така, годинава увозт изнесувал 700 милиони долари, а лани 759,5 милиони долари. Во однос на извозот на храна и живи животни имаме намалување за 20,2%, додека , односно годинава во првите четири месеци изнесувал 89,2 милиони долари, а лани изнесувал 11,8 милиони долари. Извозот на пијалоци и тутун изнесувал 48,1 милиони долари, а додека лани истиот период изнесувал 54,2 милоони долари, што е намалување за 11,3%. Извозот на минерални горива е намален за 70,1%, додека извозот на хемиски производи е намален за 9,9%,. Извозот на машини и транспортни уреди е намален за  11,5%, па ката годинава во првите четири месеци извозот бил 303,4 милиони долари, а лани 308 милиони долари. Раст од 115% има кај извозот на животински и растителни масла, но учесдтвото во вкупниот извоз е мало, односно учествува со 0,4% . Па така годинаваз а четири месеци извозот изнесувал 5,2 милиони долари, а лани 2,4 милиони долари. Трговска размена меѓу Македонија и Германија Вкупната стокова размена на Македонија со Германија изнесува 798,4 милиони долари за првите четири месеци од годината. При тоа во вкупната трговска размена, размената со Германија учесвува со 23,8%. При тоа Македонија во Германија повеќе извезува отколку што увезува оттаму. Па така за четири месеци на Германскиот пазар имаме извезено производи за сума од 573,5 милиони долари, што е 42,5% од вкупниот извоз. Додека од Германија имаме увезено производи за сума од 224,8 милиони долари, што е 11,3% од вкупниот увоз. За разлика од првите четири месеци од годинава, лани во истиот период трговската размена со Германија изнесувала 880,6 милиони долари. Учеството во вкупната размена било 23%. Извозот на германскиот пазар лани во првите четири месеци изнесувал 624,5 милиони долари, што е 41,3% од вкупниот извоз, додека увозот оттаму изнесувал 256,1 милиони долари што е 11,1% од вкупниот увоз. makgermanija Трговска размена на Македонија со останатите земји Следна на листата земји со најголем обем на стокова размена е Велика Британија. Стоковата размена за првите четири месеци од годинава изнесува 276,8 милиони долари, што е 8,3 % во вкупната размена. Па така таму за првите четири месеци од годинава имаме направено извоз од 16,5 милиони долари што е 1,2% од вкупниот извоз, додека увозот од таму во истиот период изнесувал 269,3 милиони долари и учествува со 13,% во вкупниот увоз. Трета на листата земји со кои имаме најголем обем на стокова размена е Србија. Во првите летири емсеци таа изнесувала 213,5 милиони долари што е учество со 6,4% во вкупната трговска размена. На српскиот пазар имаме извезено производи за сума од 56 милиони долари за четири емсеци, што е 4,2% од вкупниот извоз, додека пак оттаму имаме увезено 157,4 милиони долари, што е 7,9% во вкупниот увоз. Еве како по земји изгледа трговската размена razmenaН.С.  

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип