07 Октомври, 2024
0.0348

Пад на невработеноста за 0,3 одсто

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Според најновите податоци на Државниот Завод за Статистика, во првото тримесечје од оваа година, стапката на невработеност падна на рекордно најниско ниво од 27.3%, што претставува пад од 0,3 одсто во споредба со последниот квартал од 2014 година кога изнесуваше 27.6%.

Стапката на вработеност изнесува 41.6% а стапката на активност 57.3%. Корицата на информацијава е полна со шаренило, но нејзината содржина е во 50 нијанси на црно.

Тажно е што 27.3% е рекорд во најниска стапка на невработеност. Уште потажно е што стапката на невработеност на млади е речиси двојно повисока, 47,6%, млади од 25 до 49 години.

Според властите, стапката на невработеност се намалила како резултат на владините активни мерки за намалување на невработеноста. Нели овие мерки се насочени за вработување токму на млади лица?

Ако е така, тогаш тие не се факторот што придонел за „рекордната“ стапка на невработеност.

Доказ за тоа се кафулињата кои во 12 часот на пладне вријат од младина, метежот низ улиците во секоја доба од денот и се поголемиот број познаници кои „туристички“ заминуваат по белиот свет, заработувајќи како бејбиситери, келнери и кувари.

Тажна е и улогата на образованието. Ако ја разгледаме структурата на невработените лица според степенот на образование, не удира шок.

Најголем дел од невработените лица се со четири годишно средно образование  119 312 лица, а во последниот квартал на 2014 овој број изнесувал 131 712 лица, и со високо образование бројот изнесува  41 469 невработени лица.

Од вкупно 697.248 вработени во земјава, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија и во земјоделството.

Онаа народната „Учи синко за да не работиш“ се исполнува. Ама во сосема спротивен концепт.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип