05 Декември, 2025
0.0503

Пад од 23 отсто на добивката бележи „Македонски Телеком“

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2013 15:39

Добивај вести на Viber

За пад на нето добивката од 23 отсто во 2012 година до нивото од 3,8 милијарди денари, денеска извести Групацијата „Македонски Телеком“, која е оставена од истоимениот фиксен оператор и мобилниот оператор „Т-Мобиле Македонија“. На денешната прес-конференција на која беа претставени финансиските резултати за минатата година, приходите на групацијата, пак, забележаа пад од 12 отсто до бројката од 13,8 милијарди денари.  Инвестициите на групацијата, пак, лани изнесуваа 5,2 милијарди денари. Сепак според изјавите на главниот извршен директор на „Македонски Телеком“, Даниел Сас, компанијата, остана на лидерското место во фиксната телефонија со 73 отсто пазарно учество и во делот на широкопојасниот интернет со удел од 54 отсто, според интерните податоци. Иако смета дека нема да бидат единствена компанија која ќе каже дека 2012 била тешка година. Најголем раст Телекомот има  во сегментот на дигиталната телевизија, каде што бројот на претплатниците изнесува 66 отсто на крајот од 2012 година, до бројката од 67 илјади за таа да се зголеми над 70 илјади во февруари годинава. Ова го однесе Телекомот на врвот меѓу дигиталните ТВ провајдери во земјаа. Сеапк, ако ова се спореди со растот на приходите од само 3 отсто во овој сегмент и во интернетот, прашање е колку овој раст на претплатниците се рефлектира на финансиски план. Зголемен е и бројот на интернет корисници и тоа за 7 отсто, благодарение на double play и triple play пакетите, што резултира со 172 илјади корисници на дигитални претплатнички линии. Од друга страна, пак, приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 6 отсто. Со 1,2 милиони претплатници и 48 отсто пазарен удел Телекомот исто така останува лидер и во мобилнта телефонија. Сепак поради конкуренцијата на пазарот, бележи намалување на уделот барем 5 квартали по ред. „Т-Мобиле Македонија“ пак има  раст на продажбата на паметни телефони од 80 отсто во 2012 година во склад со светските трендови, а околу 45 отсто од корисниците на овие телефони се и активни корисници на интернет. Компанијата извести и дека бројот на корисници на мобилен интернет со претплата е зголемен за дури 159 отсто во 2012 година. ИП платформа во фиксната телефонија и фиксниот интернет беа најголемата инвестиција на Телеком минатата година на која се префрлени  70 отсто од корисниците, односно 175 илјади и ваквиот процент е најголем од сите земји во кои работи компанијата мајка на Телекомот, „Дојче Телеком“. Копанијата продолжува и со воведувањето на оптичката мрежа, а и со услугата на супербрза радио мрежа за мобилен интернет која достигнува брзини до 42 мегабити во секунда. За Славко Пројковски  2012 беше година на остра конкуренција во телекомуникациите, година на ценовна војна и намалена економска моќ на потрошувачите.  Тој истакна и дека финансиските резултати на компанијата не биле неочекувани, а додаде и дека за годинава очекува да запре падот на приходите, тие да се стабилизираат, но и додаде дека не се очекува 2013 многу да се разликува од лани.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност