ПАД ВО ТУРИЗМОТ ЗА 95 ОТСТО: Мал број Срби, Турци, Бугари, Албанци сепак шетале низ Македонија
Објавено во: Економија, Корона Вирус 13 Август, 2020
Бројот на туристите во јуни оваа година изнесува 5.210.
Реализирани се 14.179 ноќевањата, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 95.6 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 94.6 отсто.
Бројот на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 88.9 отсто, а бројот на странските гости паднал за 97.9 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 90.1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи паднале за 96.6 отсто.
Најбројни биле гостите од Србија, Полска, Косово, Албанија, Бугарија.
Иако сме во време на пандемија, сепак земјата ја посетиле 105 албански, 217 бугарски, 103 косовски, 100 полски, 182 српски и 150 турски туристи.
Во истиот период, во земјава допатувал само по еден турист од Луксембург, Исланд, Белорусија, Естонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.