Добивај вести на Viber
Денеска цената на нафтата падна под 94 долари за барел, во очекување на економските податоци од Соединетите Американски Држави.
Американската „лесна“ нафта за терминска испорака во јули поевтини на Трговската берза во Њујорк за 60 центи на 93,55 долари за барел, додека во исто време на берзата во Лондон еден барел северноморска нафта од типот „брент“ поевтини за 11 центи на 102,51 долари.
Официјален извештај за индустриското производство во втората најголема светска економија би требало да биде објавен на крајот на оваа недела.
САД денеска треба да ги претстави податоците околу цените на куќите и довербата на потрошувачите во таа земја, додека податоците околу растот на бруто домашниот производ во првото тримесечје ќе биде објавен во четврток.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.