16 Декември, 2025
0.0720

Падна одлуката – кој ќе го гради автопатот од Косово кон Македонија?

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2014 12:30

Добивај вести на Viber

Автопатот Приштина-Блаце ќе го гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“, одлучи косовската владина комисија задолжена за реализација на проектот. Пресудна беше најниската цена - „Бехтел-Енка“ за реализација на проектот побара сума од 599.944.263 евра, додека вториот понудувач, италијанско-турскиот конзорциум „ЦМС- Доугс“ за изграба на автопатот понудил цена од 756.060.580 евра. Конзорциумот „Бехтел-Енка“ претходно го изгради и автопатот кој ги поврзува Албанија и Косово - на албанска страна делницата Драч-Кукс-граничен премин Морина, кого Албанците го нарекуваат „Патот на нацијата“, како и делницата Морина-Врмица до Мердаре, која во Косово е позната како автопат „Ибрахим Ругова“. Автопатот од Приштина до преминот Блаце, на границата со Македонија е во должина од 55 километри и треба да биде изграден во рок од 42 месеца по потпишувањето на договорот. Ќе има три тунели од кои најголемиот ќе биде кај Качаник, со должина од 2,2 километра и повеќе мостови.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството