18 Декември, 2025
0.0820

ПАДНАА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА АФЕРАТА ЛАЖНИ ПАСОШИ - ќе настрадаат еден Јорданец и двајца матичари

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2022 15:02

Добивај вести на Viber

Денеска Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава до ОЈО Скопје против Н.А. (28) од Ирбид-Јордан, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело  „Поднесување лажни докази” казниво по член 366-а став 1 од КЗ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од член 380 од КЗ, Е.Ј. (50) од Скопје и И.Ј. (39) поради  постоење на основи на  сомнение дека истите  сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353  од КЗ.

„Имено, првопријавениот Н.А. кривично дело го сторил  на начин што како државјанин на Јордан во текот на јуни 2019 преку поднесување на лажни податоци дека наводно е син на македонската државјанка В.Ш. од Скопје, се стекнал со македонско државјанство, македонски единствен матичен број на граѓанинот и извадил извод на родени, кој го употребил во постапка за добивање на македонска патна исправа. Истиот аплицирал за постапка за издавање патна исправа каде покрај останатите документи го приложил односно употребил и изводот за родени изваден од Управа за водење матични книги – Подрачно одделение Скопје.

Второпријавената Е.Ј., во текот на јуни 2019 година, во својство на службено лице самостоен референт-матичар во Министерство за правда-Управа за водење матични книги-Подрачно одделение Скопје, по приемот на Барањето за определување на единствен матичен број на граѓанинот со податоци на првопријавениот Н.А., ја злоупотребила својата службена положба со неизвршување на својата службена должност и постапувајќи спротивно на чл.21 од Законот за матична евиденција. Истата без да изврши проверка на точноста на поднесените податоци содржани во документацијата и без да направи дополнителни проверки и да ја утврди точноста на податоците, проследила Барање до Одделението за управни работи за определување на матичен број, со што го сторила кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 од КЗ.

Третопријавениот И.Ј. во својство на службено лице виш референт-матичар во Министерство за правда Управа за водење матични книги Подрачно одделение Скопје, пополнил и доставил Барање за определување матичен број за првопријавениот Н.А. до Одделот за граѓански работи-Секторот за управно надзорни работи, без да ја провери точноста на поднесените податоците кое нешто како матичар бил должен да го стори согласно чл.21 од Законот за матична за евиденција. И.Ј. го завел првопријавениот во Матичната книга на родени, преку својата шифра одредена од информатичкиот систем во Управата за водење на матични книги, ги внел податоците  во електронскиот систем на Управата и на тој начин му овозможил да му биде изготвена и издадена македонска патна исправа, со што сторил  кривично  дело „Злоупотреба на службена положба и  овластување“ по чл.353 од КЗ“, се вели во соопштениетѕо од МВР.

Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција