Паднаа остри критики за најавата на Филипче околу задолжителното вакцинирање
Објавено во: Македонија 22 Април, 2018 18:30
Жестоки критики се појавија како резултат на најавата вакцинирањето да биде услов за запишување во градинка и во училиште. Критики кон министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи упати пратеникот од владејачката коалиција Горан Милевски. Според него никој нема право да ги уценува родителите да ги вакцинираат децата.
„Образованието треба да биде достапно за сите, а во 21 век да им се заканувате на родителите дека децата ќе им останат неписмени ако не се вакцинираат е срамота. Ги отфрлам ваквите најави и жестоко ќе се спротивставам на конзерватизмот кој се промовира“, вели Милевски.
Министерот Филипче вчера најави дека условот ќе важи од септември, а дотогаш треба да се усогласат и законските регулативи. Мерката ја правда со фактот дека Македонија минатата година доживеа драстичен пад на опфатот на вакцинација кој беше 91 процент, иако за колективен имунитет потребно е над 95 отсто од децата да се вакцинирани. Идејата на Филипче ја поддржува и Комитетот за имунизација.
Можеби ќе ве интересира
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција




