Падот на извозот ги фрла во очај бизнисмените, ќе има ли поддршка од Владата?
Објавено во: Економија 05 Ноември, 2012 20:25
Богов потврди дека побарувачката од странство ќе паѓа и догодина и поради тоа закрепнувањето од рецесијата ќе биде бавно. Сепак, проекциите за 2013 се дека БДП ќе порасне до 2,6%. Но, факт е дека бизнисот преживува критичен период, бидејќи, освен падот кај извозот, статистиката измери и намалување на индустриското производство од 6,9% во периодот од јануари од септември. Бизнисмените веќе побараа конкретни мерки за надминување за решавање на проблемот.
“Потребно е да се формира државен гарантен фонд за економски развој со основачки влог од 60 милиони евра со кој ќе се помогнат извозните компании за обезбедување на нивните кредити пред домашните банки, како и во делот на обезбедувањето на 50 процентно учество во користењето на средствата од европските фондови, проблем со кој се соочуваат поголемиот дел од компаниите“, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.
Според Азески, на ваков начин ќе се поттикне извозот и производството, а со тоа и компаниите ќе се спротивстават на кризата.
С.Н.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





