04 Мај, 2024
0.0317

Паѓа цената на добиточната храна, може ли да поевтини месото?

Објавено во: Агробизнис 08 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Се намали цената на добиточната храна. Сточарите велат дека цената паѓа поради две причини- оваа година има зголемено производство на житарките но намален е бројот на добиткот. За околу 30 проценти е намалена цената на крмната смеса. Единствено непроменета е цената на сојата. Еве какви беа лани, а какви се сега цените на житарките што се употребуваат за добиточна храна.
Стара цена                      Нова цена

Јачмен              16-18 ден./кг                    10-11 ден./кг

Пченка             16- 18 ден./кг                   10ден./кг

Соја                   40 ден./кг                        40 ден./кг

Луцерка            12 ден. /кг                       8- 9 ден./кг
-Претходно цената на добиточната храна беше премногу висока. Сточарите неможеа финансиски да ги издржат таквите трошоци, од друга страна се ниските откупни цени на производи, и голем дел од сточарите го распродадоа добитокот. Сега имаме состојба кога има зголемен род, па цената паѓа, но нема кој добиток да го храниме, вели Ефтим Шаклев, претседател на Групацијата на производители на свинско месо при Стопанската комора.

Сепак намалувањето  на цената на добиточната храна нема да значи дека ќе паѓа и цената на месото. Упатените во месната индустрија велат дека до крајот на годинава нема да има промени на цената на месото, бидејќи на терен има недостиг од месо, особено од свежо свинско. Причината е тоа што една од најголемите фарми во земјава Жито Вардар, ги продаде фармите со свињи, поради што е нарушена понудата на пазарот. Евентуална корекција на цената би можело да има дури следниот февруари, велат од месната индустрија.

Добиточната храна главен трошок на сточарите

Добиточната храна учествува со 70 проценти во во вкупните трошоци во сточарското производство. Минатата година поради сушата имаше недостиг од добитична храна, па затоа и цена енормно порасна. Експертите велат дека Македонија ги покрива потребите од кабаста храна но не и за пченка, соја и витамински смеси.

- Делумно е точно дека македонскиот добиток јаде најскапа добитична храна. Во земјава има околу 500.000 хектари обработливи површини, од нив дел се необработени, дел е меѓа, дел не се користи правилно. Ние не можеме да се носиме со големите производители на добиточна храна од регионот. Треба да тежнееме кон зголемување и обезбедување на површини за производство на кабеста храна, а која е најмалку со 50% вклучена во дневните потреби на говедата и овците.

Сметам дека потребите за кабеста храна ги во поголем процент ги задоволуваме од сопствено производство,а увезуваме крмни смески, пченка, соја и сончоглед. Македонија делумно произведува сончоглед и соја. Вкупниот увоз изнесува околу 70.000 тони годишно, од кои најголемиот дел отпаѓа на пченката во зрно, а редоследно идат потоа сојата, сончогледот, премиксите (минерално-витамински додатоци и др).

Цената на еден сточарски производ зависи од храната што е потрошена за неговото производство. Од 50% до 80% од цената на чинење на еден сточарски производ отпаѓа токму на потрошената храна во производството на производот, вели професор- др. Среќко Ѓоргиевски, од Институтот за анимална биотехнологија раководител на катедра за исхрана и технологија на добиточна храна при Факултетот за земјоделски науки и храна

Се намалува бројот на добитокот, расте увозот на месо

Токму проблемот со скапата добиточна храна со кој последните години години се соочува сточарите беше една од причините за намалување на добиточниот фонд. Поради контиунираниот пад на добиточниот фонд, Македонија со години е увозно зависна од месо за производство на месни преработки а делумно и од свежо месо. Според податоците од Стопанската комора на Македонија, најголемо намалување е забележано кај бројот на овците,свињите и живината, но и кај говедата.

 

2000

   

2003

 

2005

 

2007

2008

2012

                     

Говеда

264,968

   

259,976

 

248,185

 

253,766

253,473

250.012

Овци

1,250,686

   

1,239,330

 

1,244,000

 

817,536

816,604

600.354

Свињи

204,135

   

179,050

 

155,753

 

255,146

246,874

176.658

Живина

3,713,369

   

2,417,362

 

2,617,012

 

2,263,894

2,226,055

1.968.265

Намалување е регистрирно кај производството на овчо месо, кај свинското и говедското има зголемување на производството. Но овие количества во најголем дел се за покривање на домашните потреби за свежо месо. Околу 80 проценти од потребите за свежо свинско месо ги покриваме со домашно производство а речиси комплетно се покриваат потребите за свежо говедско месо.

Производство на месо во тони

 

2009

2011

2012

Говедско месо

3,500

5,362

4,985

Свинско месо

6,831

8,340

10,651

Овчо месо

8,937

6,370

5,600

Проблемот е со потребите за месната индустрија. Месото што е се употребува за производство на месни преработки, речиси комплетно доаѓа од увоз. Околу 90 отсто од говедското и 50 отсто од свинското месо наменето за месни преработки доаѓа од увоз. Како се намалува добиточниот фонд, така расте и увозот на месо, кој годишно вкупно дотигнува над 100 милиони евра.

Увоз на месо

 

2011

2012

   
 

Во тони

Во милиони ЕУР

Во тони

Во милиони  ЕУР

Говедско

10,400

29,2

9,300

28,4

Свинско

9,800

22,4

10,900

26,1

живинско

33,200

25,7

37,900

46,6

Проценките на упатените во месната индустрија се дека е можно и зголемување на увозот на свежо свинско месо кое досега најголем дел се покриваше од домашното производство, доколку не се рестартира агрокомбинатот Жито Вардар, кој досега (до пред да ги продаде свињите), покриваше една третина од домашниот пазар со свежо свинско месо.  Од месната индуистрија веќе коментираат дека на пазарот се чувствува недостиг од свежо свинско месо. Извори за Фактор велат дека групацијата е ставена на продажба, и дека еден  дел е веќе продаден, и најверојатно агрокомбинатот наскоро ќе се рестартира.

Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?