ПАЛЕВСКИ МОЖЕ И ТОА КАКО ДА ЈА ЗАКОЧИ ЕКСТРАДИЦИЈАТА: „Му треба само добар адвокат“, велат експерти за „Фактор“
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2023 08:30
Осомничениот за монструозното убиство на малолетната Вања Ѓурчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски-Палчо, доколку сака и доколку има добар адвокат, би можел комплетно да ја закочи постапката за екстрадиција.
Според адвокати од кривичното право, кои заради сензитивноста на случајот сакаа да останат анонимки, Палевски би можел со месеци, па и години да остане во Турција.
„ Доколку има добар адвокат, тој прво може воопшто и да не прифати да биде екстрадиран во земјава со тврдење дека во Македонија му се случува политички прогон, а во прилог на тоа многу лесно ќе обезбеди докази од експлицитните изјави на надлежните за него “ вели адвокатот кој го консултираше „Фактор“.
Според него, доколку дојде до тоа, турските власти ќе мора да ги проверат сите негови тврдења со оглед на тоа што во целиот случај индиректно е инволвирана и неговата партија, односно, користено е службено возило на партијата, а категоричните изјави само одат во прилог на тврдењето дека тој е политичка жртва во земјава.
„ Секако, постои и опција тој да ја прифати екстрадицијата, но, доколку се одлучи за другата опција, тогаш до неговата екстрадиција во земјава ќе поминат месеци“ вели тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




