Палмер: Гласот за спогодбата е глас за иднината
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018
Премиерот Зоран Заев попладнево на прес-конференција изјави дека Метју Палмер, заменикот-помошник државен секретар на САД дошол во историски момент за земјата.
Заев вели дека храбрите народни избраници покажале дека се подготвени да ја оставарат својата визија, Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО.
„Гласот е глас против нови политички кризи, светот го виде тоа“, вели Заев.
Палмер изјави дека разговарале за низа прашања за Договорот од Преспа.
Toj рече дека македонскиот народ може да смета на поддршката на САД.
„Мицкоски испрати писмо каде ги изнесува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Се сретнав со многу членови на Парламентот, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе соработуваме со сите пратеници коишто гласаа „За“ спогодбата. Тоа е глас за иднината“, рече тој.
За него оваа одлука е историска.