Панчо Минов со двосмислен одговор дали ќе гласа за уставните измени
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2018 13:29
Пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов, за макфакс.ком.мк даде двосмислен одговор на прашањето дали ќе биде дел од пратениците кои од таборот на опозицијата би гласале да се отпочне процедурата за уставни измени..
На прашањето дали ќе гласа за уставните измени со кои треба да се примени договорот од Преспа, Минов кратко одговори: “Према народот, како?!”
На дополнително прашање дали тоа значи дека нема да гласа за промената на Уставот во Собранието, Минов само дополни “Вие ме прашавте, јас ви одговорив”.
Минов рече дека до денеска власта не го консултирала во обидот да го убеди да гласа за уставните промени за договорот со Грција.
Минов, кој беше избран за пратеник на изборите во 2016 како дел од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, беше против Законот за употреба на јазиците.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




