19 Декември, 2025
0.1308

Брендот за спортска облека доби нов промотор на урбаниот активен дух

Панчо влезе во семејството на FLAIR

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2016 13:22

Добивај вести на Viber

“Задоволни сме што Панчо станува наш бренд амбасадор и што ги делиме заедничките вредности и филозофијата која е втемелена во слоганот на брендот - Feel The Move”, велат одговорните луѓе во FLAIR Македонија.

Владимир Блажев – Панчо од R&B дуото ДНК стана заштитно лице на FLAIR, интернационална марка за спортска облека, бренд кој што од пред извесен период е присутен и на македонскиот пазар. Формалното одбележување на приклучувањето на Панчо кон FLAIR семејството се одржа вчера вечер, во специјализираната продавница на овој бренд во скопски Капитол Мол.

- Панчо е лик кој што во целост соодветствува со филозофијата која што FLAIR ја промовира една деценија наназад, а тоа е проактивната политика на поддршка на физичката активност, рекреацијата и спортот, како рефлексија на забрзаното темпо на урбаниот живот. Токму тој урбан дух кој се изразува преку нашите парчиња спортска облека за мажи, жени и деца, за рекреативци, за активни спортисти, но и за луѓе кои преферираат полежерна, квалитетна и удобна облека во слободното време, придонесе за забрзаното темпо на развој на брендот во последните неколку години во земји од Европската Унија, во земји од регионот, но и во земји од азискиот континент. Задоволни сме што Панчо станува наш бренд амбасадор и што ги делиме заедничките вредности и филозофијата која е втемелена во слоганот “Почувствувај го движењето” (Feel The Move) – велат одговорните луѓе во FLAIR Македонија.

Панчо, познат по тоа што води исклучително активен живот – и кога се свирките и настапите во прашање, но и кога се говори за редовни секојдневни активности во фитнес клуб или на отворено, вели дека соработката со FLAIR дошла сосема случајно, по првото облечено парче од оваа марка. “Се препознав во слоганот, но ми се допадна непретенциозноста на парчињата спортска облека на FLAIR. Драго ми е што овој бренд е присутен и во Македонија и што заеднички ќе го промовираме тој активен урбан дух”, вели Панчо.

БрендотFLAIR е присутен во Македонија од пред една година, со отворањето на својата прва концепт продавница во Капитол Мол, во скопската населба Аеродром. Втората специјализирана продавница беше отворена во септември годинава, во ГТЦ во Скопје. Атрактивните понуди на парчиња спортска облека за сите генерации се наоѓаат на веб страницата на брендот www.flair.mk, како на Фесјбук www.facebook.com/flair.mk/

FLAIR е интернационална иновативна и брзорастечка компанија, основана во 2006 година. Брендот е инвестиција на германски претприемачи кои своето производство го имаат лоцирано во Бугарија и има изградено препознатлива традиција во производството на професионална облека за сите видови на индивидуални и колективни спортови на интернационалниот конкурентен пазар во Value-For-Money сегментот. Продажната мрежа на FLAIR најмногу е развиена во соседна Бугарија, каде што има дваесетина продажни места, лоцирани во главниот град Софија и во сите поголеми места во земјата. Продавниците на Флер можат да се најдат и во други европски и азиски земји, како што се Германија, Холандија, Австрија, Грција, Романија, Србија, Казахстан, Русија.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии