Пандемијата ги смени навиките на Германците
Објавено во: Економија 21 Мај, 2020
Пандемијата ги смени навиките на Германците.
Парите се „крал“, а особено готовината. Ова е веќе долго време мото на германските потрошувачи и сопственици на мали претпријатија, но поради пандемијата предизвикана од корона вирусот тоа почна полека да се менува, пишува Крајстин Арнесон во својот текст објавен на „Би Би Си“.
Од почетокот на пандемијата, плаќањето со готовина во Германија за прв пат не се поттикнува.
Земјата е позната по својата култура и технолошки иновации, но не е необично кафулињата и малите бизниси да примаат само готовина како начин на плаќање, што пак ги зачуди туристите.
За голем број Германци користењето готовина не е затоа што овој начин се преферира, туку станува збор за културна вредност со која најголем дел од нив пораснале.
Просечен Германец во 2017 година во својот паричник носел околу 107 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.