ПАНДЕМИЈАТА ГИ СТАВИ НА ЧЕКАЊЕ: Во прашање доведено одржувањето на параглајдерските натпревари во Крушево
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Мај, 2020 07:13
Поради пандемијата на коронавирусот, во прашање е доведено одржувањето на четири параглајдерски натпревари во Крушево.
Тие треба да се одржат летово, почнувајќи од месец јули, но поради затворените граници неизвесно е дали воопшто ќе може да се реализираат овие настани. Од Општина Крушево немаат конкретен одговор дали куповите ќе може да се одржат.
„Сето тоа останува под знак прашалник, иако имавме првенства за јули, август. Следите дека сите европски земји донесуваат различни одлуки. Поединечно доаѓаат Македонци за летања, но натпревари со 150 учесници каде има уште толку луѓе кои се дојдени да ги следат не знам дали воопшто ќе може да се одржат. Еден натпревар носи од 120 до 150 учесници, плус луѓе кои се дојдени како придружба. Ако зборуваме статистички, тоа се 9.800 посетители кои поради параглајдерските натпревари лани дошле во Крушево, а сега штети трпат хотелите, рестораните, приватните сместувачи, кафетериите, едноставно туризмот е на чекање“, вели Коста Мицкоски, раководител на одделението за локален економски развој во Општина Крушево.
Тој додава дека лани со куповите за параглајдерство привлекле гости од Турција, Грција, Србија, Бугарија, Аргентина, Бразил, Хрватска, Русија, Јапонија, Франција, Италија и многу други земји.
„Заедно со натпреварувачите доаѓаа и многу физиотерапевти кои ги нудеа своите услуги. За споредба, во месец март годинава имало само 7 туристички посети во градот“, објаснува Мицкоски.
Претходните години, градот имаше добри резултати на полето на туризмот.
Во 2018 година Крушево за 50 отсто ги зголемило туристичките ноќевања.
Крушево во 2018 година имало 15.853 домашни туристи кои реализирале 41.801 ноќевање, а истата година дошле 2.592 странци кои реализирале 18.144 ноќевања.
Македонија изминативе години беше рангирана како топ дестинација за посета, а познати блогери и магазини советуваа да се посетат Матка, Охрид, Крушево.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





