ПАНДЕМИЈАТА ЈА ЗГОЛЕМИ НЕЕДНАКВОСТА: 26 луѓе се побогати од половина свет
Објавено во: Економија, Корона Вирус 21 Јули, 2020
26 луѓе се побогати од половина свет.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на укинување на глобалните нееднаквости.
Тие станаа посебно видливи поради пандемијата на коронавирусот.
Тој додаде дека развиените земји силно се посветени на сопствениот опстанок и дека „не успеаја да ја испорачаат поддршката потребна за помош на земјите во развој во овие опасни времиња“.
Гутереш ги критикуваше огромните нееднаквости во богатството, но и другите, поврзани со расата, родот, класата и местото на раѓање.
Тој кажа дека тие нееднаквости се гледаат во одговорот на пандемијата, бидејќи владите, компаниите и поединците се обвинуваат дека неопходните резерви медицински материјал и опрема ги изнакупувале за себе.
„Нееднаквоста почнува на врвот, во глобалните институции. Решавањето на проблемот на нееднаквоста мора да почне со нивна реформа“, изјави Гутереш.
Понуди некои решенија, кажувајќи дека е потребна нова генерација здравствена заштита, вклучувајќи универзална здравствена заштита, а можеби и универзален основен доход.
Светската банка пак бара Г20 да им ги намали долговите на сиромашните земји.Се наведува дека пандемијата довела до „најголема глобална рецесија во последните децении“, влијаејќи особено на новите економии.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.