ПАНДЕМИЈАТА НЕ СТИВНУВА: Некои индустриски гранки ќе настрадаат, а други ќе поминат без последици
Објавено во: Економија, Корона Вирус 18 Јуни, 2020
Доколку поради пандемијата на коронавирусот, се намали обемот на работа во индустриските капацитети кај нас, тоа ќе доведе до отпуштање на работници.
Разлики има од сектор до сектор и ударот нема секаде да биде ист. Состојбата е непредвидлива, но ова „црно“ сценарио може да се случи. Маре Анчева, генерален секретар во синдикатот за индустрија, енергетика и рударство вели дека доколку се намали производството, ќе опадне и бројот на работници.
„Бројот на работници секогаш зависи правопропорционално од процесот на производство. Доколку обемот на работа се намали, ќе се намали и бројот на работници во индустријата. За металската индустрија прогнозите не се оптимистички. Многу ќе зависи состојбата од тоа како ќе се одвиваат работите кај нас, но и глобално. Се знае дека кај нас индустријата е највеќе концентрирана во Скопје, и во Штип, кој е центар на текстилот“, објаснува Анчева.
Лоша е состојбата во преработувачката индустрија, и се очекува губење на работни места, објави деновиве Државниот завод за статистика. Според извештајот, економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија е неповолна. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка, недостигот на квалификувана работна сила, неизвесното економско опкружување и недоволната домашна побарувачка.
„Засега нема посериозни последици кај нас, но тоа ќе се случи најверојатно во септември и октомври. Ние сме мала фирма, не извезуваме надвор од државата, работиме локално, и се надеваме дека нема да дојдеме во ситуација да отпуштаме работници, иако не се знае ништо засега. Има пад на побарувачката на производите, затоа што куповната моќ на луѓето е намалена“, велат од фирма за преработка на овошје.
Кристина Ампева од Здружението „Гласен текстилец“ од Штип објаснува дека во текстилните фирми, имало отпуштања во текот на март, но засега нови отпуштања не евидентирале, и додава дека конфекциите во градот имаат тековна работа, а се фокусирани и на шиење на маски. Според неа, работните места во секторот не се доведени под знак прашање.
Маријана Перковска од Текстилниот кластер вели дека оние фирми кои работат со онлајн продажба имаат раст, а намалување на работата е забележано кај оние кои работат со физичка продажба на артикли.
„Со затворањето на Кина, и новиот начин на живот, работата се врати во Европа, односно на Балканот, и сметам дека нема да има поголеми отпуштања, туку тоа ќе бидат прелевања на работници од една во друга фирма“, рече таа.
Додава дека сега и веднаш, текстилната индустрија треба да работи на подобрување на конкурентноста, на квантитетот и квалитетот, на автоматизацијата и на интернет продажбата.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.