03 Мај, 2024
0.0284

ПАНДОВ: Заев на 11 декември треба да му честита победа на Груевски!

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија и досега имаше фер и демократски избори, но сега, отакако СДСМ влезе во извршната власт дел од институциите се партизираа, се формираше цензорско ад-хок тело а СЈО работи непречено, и исполнува партиски директиви – вели аналитичарот Александар Пандов во интервју на прашања на “Фрактор“. Еве што очекува Пандов во предизборие и постизборно:

ФАКТОР: Дали се исполнети условите за фер и демократски избори, закажани на 11 декември, годинава?

Пандов: Македонија и до сега имаше фер и демократски избори. Ако деведесетите години сеуште ги прележувавме детските болести, сите останати парламентарни избори биле европски со мали и незначителни забелешки. И изборите 2014 година беа фер и демократски. И после три проверки се докажа дека тврдењето на Заев за наводни 500 000 фантомски гласови се лага, а дека избирачкиот список е идентичен како тој во 2014 година. Со формирање на цензорското ад хок тело и поставувањето на Санта Аргирова како партиски човек во МТВ и барањата во делот на медиумите се задоволени. Веќе година дена и првиот човек на ДИК е од нивни редови. Клучните министерски места кој требаше да ги департизираат и одвојат државата од партијата, ги партизираат со членови од СДСМ, но како и да е и тоа барање им е исполнето. На чело на владата имаме технички премиер. СЈО непречено работи и исполнува партиски директиви на прес конференции на кој најавуваат започнување на истраги. Или во една реченица СДСМ и опозицијата имаат услови какви што нема ниту една опозиција во светот пред избори!

ФАКТОР:Какви избори, односно изборен ден не очекува?

Пандов: Мислам дека кампањата која според мене веќе подолг период е започната, во ист облик но со засилено темпо ќе продолжи и во наредниот период. Како и до сега така и понатаму ќе ги гледаме Груевски и ВМРО како штиклираат завршување на проекти кои ги ветиле на граѓаните на предходните избори и ветување и започнување на нови. Сигурен сум дека ќе се обидат максимално да се задржат на позитивна кампања, преку директен контакт со граѓаните ги пренесат и образложат нивната програма и проекти. Во делот на водење на кампањата нити кај СДСМ не очекувам некоја промена, тие и понатаму ќе фрлаат дрвја и камења на се што е направено од ВМРО. Затоа што овие избори за Заев и неговото раководство се и референдумско прашање за нивен опстанок во политичкиот живот, нема да бидам изненаден ако во наредниот период слушаме надградување на прашања од типот на "двојазичност", обидувајќи се во очај да добијат глас повеќе. Просто сум уверен дека од ракав ќе исфрли и некој проект во бранков стил од типот "по еден вработен во секое семејство". Секако е за очекување огромно незадоволство во редовите на СДСМ ако се остварат најавите дека "граѓанинот" Никола Димитров ќе им предводи листа, а исто такви "граѓани" ќе има на добитни места на листите. Самиот изборен ден сигурен сум дека ќе помине во најдобар ред. Едноставно ќе има премногу контролори да некој се глупира, а дополнително што има големи казни за тоа

ФАКТОР: Колку и како е важна улогата на СЈО, односно исходот од почнатите истраги и покренатите обвиненија во овој предизборен период?

Пандов: Голема штета е што СЈО направи се како би го одложила судењето за обвинетите во Пуч. Да потсетам Пуч е предметот во кој од првообвинетиот Верушевски, преку Заев, па се до двајцата вработени во УБК, се луѓето кои се теретат за шпиунажа и уцена на државниот врв. Дотолку повеќе што еден од двајцата вработени го призна делото и потврди дека по нардба на второвработениот во УБК, а под закрила на Зоран Верушевски, за пари, го правеле прислушнувањето и тие аудио матријали му ги предавале на Верушевски. За жал СЈО прерасна во партиска испостава на СДСМ преку која се обидуваат да го оцрнат секој поистакнат функционер на ВМРО. Вработувањето се врши покрај партиски и по роднински клуч. Едноставно СЈО стана партиска испостава на СДСМ. Тоа му е јасно на секого во Македонија и одтука мислам дека кредибилитетот кој го има оваа институција е нула. Ако знаеме дека опозицијата неможе да се натпреварува со власта во делот на програма и проекти, јасно е дека како и до сега, така и до изборите СЈО ќе биде главната пропагандна алатка на СДСМ.

ФАКТОР: По завршување на изборите, што може да се очекува,  разврска на политичката криза или можеби уште подлабока неизвесност и нестабилност на внатрешно политички план?

Пандов: Анкетите се добро познати на секого. Верувам дека на секого во Македонија му е јасен исходот на изборите. Одтука за мене најголемо прашање е однесувањето на Заев вечерта на 11-ти , поточно дали ќе се одважи и ќе му ја честита победата на Груевски и ВМРО или ќе гледаме реприза од 27-ми април 2014. Многу се важни и коментарите на гарантите на пржинскиот договор. Верувам дека изборните резултати ќе бидат со огромна разлика што ќе ги принуди и најтврдите опозиционери да го признаат изборниот пораз.Нормално во првиот случај Македонија повторно ќе застане на патот на просперитет и подобар стандарт на граѓаните, а во ситуација да повторно бидат непризнаени изборните резултати од страна на опозицијата, Македонија гарантирано ќе западне во уште поголема политичка криза која може да прерасне и во отворен судир помеѓу двете спротивставени политички партии

Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите