ПАНОРАМА ХОТЕЛ И СПА: Искусете една поинаква зимска идила!
Објавено во: Мои пари 24 Јануари, 2023 15:21
Крушево е сѐ почесто бирана алтернатива за викенд далеку од обврските, сообраќајните гужви и загадениот воздух. А, едно од најбараните сместувања од посетителите е токму Панорама Хотел и Спа.

Комплетно реновираниот хотел е сместен веднаш над градот и нуди восхитувачка глетка на познатата крушевска архитектура, Македониумот и преубавиот планински пејзаж. Хотелот со четири ѕвездички располага со двокреветни и супериор соби, јуниор и делукс апартмани, како и спа центар со затворен базен и теретана.




Хотелот има и ВИП соба за деловни ручеци и состаноци.
За корпоративни настани хотелот располага и со конференциска сала.
Во рамки на Панорама работи ресторанот АЛТО со мени кое комбинира локални, традиционални јадења и интернационална кујна.

Панорама оперира и со жичарницата која од срцето на Крушево ве води на скијачките патеки. Таму, освен скијање, ве очекуваат уште и други рекреативни содржини во склоп на Panorama All Seasons Adventure Park.


Алтернативно, до истите може да стигнете и со квадрицикли, планински велосипеди или џип кои се достапни за изнајмување во хотелот.

Ова е идеална опција за целосно ресетирање на сетилата. Топло ви ја препорачуваме. Информирајте се повеќе и резервирајте тука.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




