04 Јули, 2024
0.0320

Панорамско тркало, нови постојки, смарт тикетинг: Во што ќе инвестира ЈСП Годинава?

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Нешто повеќе од 6,5 милиони евра ќе одвои Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за инвестиции за оваа година. Според Инвестиционата Програма на претпријатието за 2014 година, најголем дел од парите 49,9 % од парите ќе бидат наменети за инвестиции во опрема, 44,9 % за градежни работи, а останатите 5,2 % од парите ќе бидат инвестирани во превозни средства. Дел од парите ЈСП Скопје ќе ги обезбеди од сопствени средства, а дел од донации. Еве дел од инвестиции што годинава претпријатието планира да ги реализира:
  • Набавка на нов нископоден зглобен автобус  284.552 евра (сопствени средства)
  • Патничко и сервисно возило за интервенции  56.910 евра (сопствени средства)
  • Нови постојки 1.073.170 евра (сопствени средства и Град Скопје, реализација 2015 година)
  • Опрема за аларм и видео надзор на објекти и автобуси 200.000 евра ( сопствени средства, реализација 2014 година)
  • Реконструкција на хали за прифаќање на автобуси 260.162 евра ( сопствени средства)
  • Систем за наплата со смарт тикетинг 1.951.219 евра ( сопствени средства и Град Скопје, реализација 2014 година)
  • Жичница  104.878евра
ЈСП Скопје ќе почне со изградбата на Панорамското тркало Од оваа година  ЈСП Скопје ќе се зафати и со покрупни градежни проекти, Панорамското тркало со придружни елементи и мост и доуредување на просторот околу Милениумскиот крст. Над 12 милиони евра ќе го чини ЈСП Скопје, проектот Панорамско тркало. Оваа година со Инвестиционата програма  проектот се предвидени близу 976 илјади евра, а различни суми ќе се одвојуваат и во следните четери буџетски  години. Според планот изградбата треба да заврши во 2019 година. Дел од парите ќе се обезбедат од сопствени средства а дел од донации. Во програмата стои дека не е исклучена можноста, реализацијата н проектот да се пролонгира заради неможност да сеобезбедат финансиски средства. Според идејното решение, Панорамското тркало ќе биде лоцирано на нов мост на реката Вардара, а во средината мостот ќе бидат лоцирани ресторан,продавница сувенири и билетара. Тркалото ќе биде високо 73 метри од брегот на реката, со дијаметар од околу 57 метри, 30 гондоли, со капацитет за 300 луѓе. - Една од основните замисли за архитектонско-урбанистичкиот проект Панорамско тркало со придружни објекти и мостови е и поврзување на двете страни на реката Вардар со мост кој од едната страна е под влијание на различни епохи на уметноста, а од другата страна нуди нов начин на живот на луѓето во Скопје. Освен мостот како поврзувачки елемент, проектирано е панорамско тркало кое ќе биде лоцирано на средината на мостот. Главниот објект лоциран на објект на мостот ќе се состои од два ката. На приземјето ќе се наоѓа влез за тркалото,ресторан и продавница за сувенири, а на првиот кат панорамска платформа со  влез во џиновското панорамско тркало. Панорамското тркало ќе стане обележје на градот Скопје, по кој главниот град ќе биде препознатлив во светот, стои во образложението на Инвестиционата Програма на ЈСП Скопје. Панорамското тркало првично требаше да го гради Градот Скопје. Кон крајот на минатата година градските власти со одлука обврската за изградба и стопанисување со Панорамското тркало му ја додели на ЈСП Скопје. Градот Скопје лани без надомест во трајно користење на ЈСП Скопје му го даде објектот “Милениумски крст”но и неколку парцели околу објектот. Дел од советниците тогаш коментираа дека ваквата одлука била очекувана со оглед на тоа дека претпријатието веќе стопанисува со жичницата на планината Водно.Со Инвестиционата програма, за доуредување на објектот Милениумски крст, ЈСП Скопје за оваа година ќе одвои нешто повеќе од 1,1 милиони евра. Дел од парите ќе бидат обебзедени од сопствени средства а дел од донации. Засега не е познато што точно ќе се доизградува на Милениумскиот крст. Претходно Милениумскиот крст беше во сопственост на Македонксата Православна црква и Фондацијата Милениумски крст. Урбанизирањето на објектот и изградба на ресторани,  беше најавено уште пред неколку години но поради комунални проблеми немаше реализација. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

„ДА, БУГАРИЈА ГИ ТЕПАШЕ СВОИТЕ ГРАЃАНИ СО МАКЕДОНСКА САМОСВЕСТ“: Македонците во Бугарија го кренаа гласот против Радев

„ДА, БУГАРИЈА ГИ ТЕПАШЕ СВОИТЕ ГРАЃАНИ СО МАКЕДОНСКА САМОСВЕСТ“: Македонците во Бугарија го кренаа гласот против Радев

ГРУБИ ЌЕ ПРЕДАВА НОВИНАРСТВО, ОСМАНИ СЕ ВРАЌА НА ДИГЕСТИВНА, ГРКОВСКА ВО МВР, МАРИЧИЌ БАРА АПАНАЖА: Еве што што ќе работат екс министрите

ГРУБИ ЌЕ ПРЕДАВА НОВИНАРСТВО, ОСМАНИ СЕ ВРАЌА НА ДИГЕСТИВНА, ГРКОВСКА ВО МВР, МАРИЧИЌ БАРА АПАНАЖА: Еве што што ќе работат екс министрите

ЧЕСТО СЕ ЈАВУВА КАЈ ЖЕНИТЕ И МНОГУ РЕТКО КАЈ МАЖИТЕ: Што се крие зад опсесивното купување?

ЧЕСТО СЕ ЈАВУВА КАЈ ЖЕНИТЕ И МНОГУ РЕТКО КАЈ МАЖИТЕ: Што се крие зад опсесивното купување?

ФИЛИПЧЕ СООПШТИ КОЈ Е ПРВИОТ ФОКУС НА СДСМ ПО НЕГОВИОТ ИЗБОР: Ќе се враќа довербата на граѓаните

ФИЛИПЧЕ СООПШТИ КОЈ Е ПРВИОТ ФОКУС НА СДСМ ПО НЕГОВИОТ ИЗБОР: Ќе се враќа довербата на граѓаните

ТОШКОВСКИ КАЖА КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРААТ КАМЕРИТЕ: Ќе се казнува сопственикот на возилото, а соопшти и каде прво ќе почне проектот „Безбеден град“

ТОШКОВСКИ КАЖА КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРААТ КАМЕРИТЕ: Ќе се казнува сопственикот на возилото, а соопшти и каде прво ќе почне проектот „Безбеден град“

КАКОВ ЌЕ БИДЕ ОДНОСОТ НА БУГАРСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СО МАКЕДОНСКАТА ПО ИЗБОРОТ НА НОВ БУГАРСКИ ПАТРИЈАРХ: Еве што велат аналитичарите

КАКОВ ЌЕ БИДЕ ОДНОСОТ НА БУГАРСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СО МАКЕДОНСКАТА ПО ИЗБОРОТ НА НОВ БУГАРСКИ ПАТРИЈАРХ: Еве што велат аналитичарите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони