Добивај вести на Viber
Откако во неколку наврати доктор Никола Пановски беше мета на лажни реклами во кои неговото име и слика беа користени за продажба на разни лекови и чаеви, тој на својот фејсбук профил објави дека сторителите се осудени со правосилна пресуда.
„КОНЕЧНО ПРАВДА, ова е само почеток.
Ширачите на лажни вести, за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се ОСУДЕНИ со правосилна пресуда.
Конечно, по една и пол година, донесена е правосилна пресуда за злоупотреба на личните податоци заради примоција на чаевите ПАРАЗОЛ и ХИПЕРТЕА на професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Маја Мојсова“ напиша тој.
Како што објави, одговорното лице било казнето со 2.100 евра, а фирмата увозник со пет илјади евра.
„Правдата е делумнно задоволена. Имено, фирмата и осудениот и понатаму работат, тоа што го заработиле криминално ќе го вратат за недела дена. Демек, немало како да ги судат за измама на граѓаните, да им забранат дејност, немало основ во законите за овој интернет криминал, туку само за злоупотреба на личните податоци. Сега продолжувам во граѓанска постапка да барам оштета од 15000 евра за злоупотребата и душевната болка што ми ја сторија“ напиша тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.