Пановски советува невакцинираните и хронично болните да не одат на свадби
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Јули, 2021 19:41
Oткако се зголеми бројот на заразени со коронавирусот во Тетово, микробиологот Никола Пановски ги советува граѓаните да бидат внимателни.
Вели дека само вакцинираните и оние кои го прележале вирусот можат да одат на свадби. Додава дека повозрасните и сите луѓе кои имаат хронични болести, треба да си останат дома, во интерес на здравјето.
„Нашите иселеници од земјите во кои нагло се шири делта вирусот, слободно влегуваат во државата. Има свадби и слави и на отворено и на затворено, а токму тоа му треба на вирусот. Препорачувам што повеќе луѓе да се вакцинираат и да ги почитуват мерките во затворено. Ако се невакцинирани и одат на свадба и таму има луге од земјите каде се шири делта сојот тоа значи дека се под висок ризик дека ќе се заболат, вели Пановски за Локално.
Тој претходно кажа дека најпатриотски гест на сите наши иселеници кои летово ќе си дојдат дома е претходно да се вакцинираат, или да направат барем еден тест за ковид-19, 24 часа пред да тргнат на пат.
Инаку, во Тетовскиот регион активни се 65 случаи на коронавирусот. Денеска во земјава беа регистрирани 21 нов случај на ковид-19, од кои 11 од Тетово.
Комисијата за заразни болести ја следи состојбата во Тетово по зголемениот број на заразени со коронавирусот.
Министерството за здравство соопшти дека по зголемување на бројот на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, за период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба и е во комуникација со локалниот Центар за јавно здравје.
Зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластери. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





