Пановски вели дека релаксирањето на мерките ќе доведе до 1.000 случаи на коронавирусот дневно
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Октомври, 2021 14:41
Релаксирањето на мерките ќе предизвика раст на бројот на нови случаи на коронавирусот, вели за Телма, микробиологот Никола Пановски.
Според него, доколку потоа се реагира со дополнителни мерки тие ќе бидат задоцнети. Пановски очекува дека ќе имаме по 1.000 случаи дневно, и се надева дека бројката нема да оди повисоко од тоа.
„Кај нас кафаните и кафиќите и во вториот и во третиот бран беа местата каде народот природно се имунизираше. Меѓутоа, многумина од тие природно имунизирани не се меѓу нас или имаат теши последици. Според мене, мерките треба да се прават за да се спречи ширење. Треба да се вратиме на повторна кампања и за вакцина и за заштита. Луѓето заборавија да носат маски и навистина ова со рестораните и со свадбите во затворен простор, кафулиња“, рече Пановски.
Владата вчера на седница донесе нови мерки. Дозволено е организирање настани во затворен простор до 50 проценти исполнетост, а од 15 ноември за влез ќе бидат потребни две дози вакцини или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





