Пападакис: Грција мора да попушти за „erga omnes”
Објавено во: Македонија 21 Март, 2018 07:59
Грција нема намера искрено да седне на маса и да преговара со Македонија за билатерланиот проблем. Атина нема да се откаже од грчкиот национализам, да ги прифати македонскиот јазик и идентитет како такви. Ова се очекувањата на грчкиот аналитичар Јоргос Пападакис, долгогодишен познавач на односите меѓу двете земји. За Фактор зборува непосредно пред посетата на грчкиот министер Никос Коѕијас во Скопје.
„Не очекувам многу. Доколку Грција не седне на маса со искрени намери кон Македонија, нема да има никакво решение. А, до сега тоа не го покажа за жал, вели Пападакис.
Според него целата грчка елита има едниствена цел да го избрише идентитет на Македонија. Без разлика дали се левичари како Ципрас или нацисти како претставниците на Златна Зора.
„Ципрас повторно отвори прашање за грчката дипломатија, односно влада без да има капацитет да го реши овој проблем. Нема ниту доволна големина како човек, политичар, шефот на владата. Рацете му се врзани, поради алијансата со ултра десничарот Каменос. Атина не го доби посакуваниот предлог од Нимиц“, вели Пападакис.
Смета дека дека македонските власти мора да внимаваат во преговарачкиот процес и покрај тоа што билатералниот проблем трае долго. Грчкиот аналитичар вели дека решение може да се постигне само доколку Грција се откаже од барањето „erga omnes”.
„Не постои ерга омнес. Грција мора да попушти, не може да ја тера Македонија да се вика поинаку дома, на својата територија. Ниту пак да влијае на 140 држави кои билатерално ја признале Македонија под уставното име. Решението ќе мора да биде некое „помека„ варијанта на “erga omnes” само за меѓународните институции. Сепак, тоа е далеку“, вели Пападакис.
Грчкиот експерт е јасен дека опсегот за користење на името не може да се решава дополнително со паралелен договор меѓу Македонија и Грција.
А.М.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите
„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец





