Папата: Човечкото достоинство треба да е во основата на одлуката за грчката криза
Објавено во: Балкан 01 Јули, 2015 19:32
Според папата европските лидери треба да го стават човековото достоинство во основата на одлуката на грчката должничка криза, пренесоа агенциите.
„Достоинството на човековата личност треба да е во центарот на секоја политичка и техничка дискусија, а исто така и во процесот на усвојување на одговорни решенија“, изјавил папата.
Поглаварот на Католичката црква е вознемирен од социјалните последици на кризата врз грчкото семејство.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека неговата земја ќе одржи референдум за условите за финансиската помош, и ги повика луѓето да гласаат со „Не“ со цел добивање на подобра понуда.
Во телевизиското обраќање до нацијата, тој изјавил дека Грција ќе продолжи да преговара со меѓународните кредитори и инсистираше на тоа дека Атина сака да остане во Европа.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




