Парадоксот Нова Година: подароците не прават сиромашни
Објавено во: Мои пари 02 Јануари, 2014 13:30
Да му подарите на саканиот подарок е вистинска уметност , што за многумина е неостварливо. Годишно милиони луѓе добиваат бескорисни предмети. Вратоврски со идиотска боја со години лежат неотпакувани на горните полици за гардероба, книги на популарни автори во одминати години и така остануваат непрочитани, а чајниците се преподаруваат следната година на соседите.
Сето тоа доведува до намалување на благосостојбата на луѓето во целина (купување на непотребни предмети за вистински пари и добивање во замена за тоа, други, непотребни предмети). За да се пресмета големината на тоа осиромашување, Волдфогел направил необичен експеримент. Економистот се заинтересирал за разликата меѓу реалната цена на подароците и вредноста, на која ги оценувале примателите. Тој побарал 86 студенти да кажат , колку според нив чинат добиените на Божик и Нова Година подароци и колку самите тие би платиле за нив .
Пријателите и роднините сигурно би се налутиле, ако ги знаеја резултатите од оваа студија . Според оценката на учениците, нивните подароци чинат во просек 438 долари, но самите тие биле подготвени да платат не повеќе од 313 долари. Оттука, просечниот принос на подарокот, според оценката на примачот, е околу 87 % , па во процесот на подарувањето работите губат околу 13% од својата вредност. Ако ја исклучиме достапноста и различните ваучери , тогаш просечната профитабилност опаѓа до 83.9 % .
Овие резултати значат дека околу 13% од трошоците за новогодишни и божикни подароци се безвредно потрошени пари. Оттука, со 13% се намалува благосостојбата на општеството. Ако веруваме на наодите на Волдфогел , тогаш вкупните загуби на општеството, заради Нова година и Божик, се гигантски . Така на пример , во 1993 во САД се подарени подароци за 40 милијарди долари и од нив 4 милијарди се " загуби " по системот помеѓу купувањето и подарувањето.
Најдобар подарок - Пари
Парите навистина се најефикасен подарок , бидејќи тие не се амортизираат. Интересен факт е дека најчесто пари даваат постарите луѓе. Очигледно нашите баби и дедовци знаат дека ако параметрите на човекот не им се познати , најдобро е да им го подарат најфлексибилниот подарок, односно во готово.
Со подароците во готово, исто така, работите не се толку лесни како што изгледа на прв поглед. Во друг експеримент на Волдфогел, 58 студенти биле замолени да го посочат износот кој би можел да им го замени подарокот. Во просек тој износ бил 509 долари. При тоа , во реалноста и 462 долари биле сосема доволни, за да можат тие да си го дозволат саканиот подарок.
Сентиментална вредност на подароците
Во 2013 бизнис училиштето на Универзитетот во Чикаго анкетираше економисти . Научниците беа замолени да одговорат на прашањето : Дали подарените предмети се непотребни ? Само 17% се согласуваат со ова тврдење . Големото мнозинство (54% ) не биле согласни . На останатите им било тешко да одговорат на ова прашање.
Кога истражувачите почнале да поставуваат дополнителни прашања, станало јасно дека противниците на подарување на пари биле согласни со Волдфогел. Професорот од Универзитетот Принстон, Ангус Дитон вели дека заклучоците на Волдфогел имаат смисла. Но, неговото испитување не забележало едно важно нешто. Подароците на пријателите и роднините имаат и нематеријална вредност, која не може да ја пресмета ниту еден економист на светот.
Токму оваа вредност ги претвора непотребните и бесплатни од економска гледна точка подароци, во непроценливи. Затоа е очигледно дека и покрај загубата на благосостојбата, луѓето никогаш нема да престанат да подаруваат .
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




