18 Декември, 2025
0.0469

ПАРАНОЈА ИЛИ ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Советот за безбедност на ОН расправаше за руските дронови во воздушниот простор на НАТО

Објавено во: Свет 22 Септември, 2025 22:36

Добивај вести на Viber

Советот за безбедност на ОН одржа седница на која беа разгледани заканите за меѓународната безбедност, со фокус на навлегувањето на руски дронови во воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија во последните недели.

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ја предупреди Русија дека нејзините постапки на територија на земји членки на НАТО носат ризик од директен воен судир. - Вашите непромислени дејствија можат да доведат до директна вооружена конфронтација меѓу НАТО и Русија, истакна таа, додавајќи дека Алијансата е подготвена да го брани своето воздушно пространство.

Рускиот дипломат Дмитриј Полјански ги обвини европските земји за „параноја“ и за ширење лажни обвинувања без докази дека дроновите се руски.

Постојаниот претставник на САД во ОН, Мајк Волц, предупреди дека Москва или сака намерно да ја ескалира ситуацијата, или нема доволна контрола врз воените сили кои лансираат оружје. - И двете сценарија се подеднакво загрижувачки, рече тој. Волц истакна дека САД ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО и ја повика Русија да започне преговори со Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара создавање на европска повеќеслојна противвоздушна одбрана и нови санкции против Москва.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека е подготвен да воведе санкции кон Русија доколку Европската Унија престане да купува руска нафта.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина