Добивај вести на Viber
Во светот веќе не се знае што ќе биде утре, а Норвежаните знаат дека и за илјада години, во четвртиот милениум ќе бидат обезбедени.
Богатите наоѓалишта на црното злато, не ги натераа нордијците да се расфрлаат со пари и да престанат да размислуваат долгорочно и стратешки.
Штом на површина ќе излезе природното богатство од норвешките длабочини, парите се ставаат во фонд за пензија кои ги чува целата држава. Никој не може да ги натера да чепкаат во него, без разлика која Влада е на власт.
„Денес фондот е тежок 430 милијарди евра и тој постојано расте. Сеуште не се користи за исплата на пензии. Парите добиени од експлоатација на природните богатствта, треба да ги вложуваме во иднината, со оглед на фактот дека населението е старо, човечкиот век се продолжува, а наталитетот се намалува - за ова во Новрешка постигнавме широк и траен стратешки договор“, објаснува амбасадорот на Норвешка во Белград, Рагнар Камсваг.
Мирисот на нафтата ја опи нацијата
Откако пред 40 години почнаа да се вадат првите барели нафта и гас од дното на морето, норвежаните стравуваат од своето богатство, колку и да звучи парадоксално ова. Мирисот на нафатата, го знаат тоа оддамна може да ја маѓепса нацијата.
Многу од Европската унија погледнуваат во милјардерскиот норвешки фонд кои наското ќе достигне сума од половина трилион евра.
„Норвешка е подготвена да им помогне на пријателите кои се во неволја, но парите не смеаат да се вадат од Нафтениот фонд за пензии. Основан е уште во 1990 година и досега никој го нема загрозено, дури ни пензии сеуште не се исплаќаат од него. Едноставно тоа не е касичка за штедење, туку финасиски инструмент втемелен на широк политички стратешки договор“, објаснува Камсваг.
Според неговите зборови, само 4% од нафтениот профит може во овој момент да се користи за домашни потреби. Се останато со асистенција на светски економски експерти се вложува во трговија, во акции на пазарите по светот и така се зголемува капиталот.
Во пензија на 67 години
Кризата која ја тресе Европа, сеуште не тропнала на норвешката врата, но како што вели нашиот соговорник од министерството за надворешни работи во Осло, „ниедна земја не е остров во глобализираниот свет“. Сепак, Норвешка за оваа година предвидува раст од околу 2,5%, а невработеноста е ниска, вкупно 3%. Јасно е исто така дека и побарувачката за нејзините стоки во Европа многу мала.
Норвежаните е тешко да ги наведеш на „погрешни мисли“, особено кога имаат зацртана стратегија. Тие пред сите другите европски земји ја зголемија старосната граница за пензионирање на 67 години.
Моравме така да постапиме, вели Камсваг, бидејќи човечкиот век се продолжува, а наталитетот е низок, буџетот не може да издржи толку трошоци за пензии.
Осло се однесува, коментираат некои весници во Шпанија, Португалија и Италија, како да пари нема, ниту пак дека ќе ги има. А управуваат огромно финасиско возило.
Можеби во северните краишта се така добро функционира, без поголеми потреси и поради верувањето дека нема привилегирани. Тоа, како што тврдат норвежаните, ја зацврстува вербата во трајноста на системот. Знаеме сите дека мора да платиме данок и дека нема да има исклучоци, и знаеме дека мора да го почекаме зеленото светло за да ја преминеме улицата.
Норвешка не го разбира остатокот од Европа
„Капитализмот е одличен систем за ефикасна економија. Но е многу лош кога е во прашање социјално одговорно општество“, потсетува норвешкиот амбасадор. Објаснува дека капитализмот не знае за категорија социјална правда и поради тоа мора да се корегира на нордиски начин.
„Тешко ни е нам да го разбереме остатокот од Европа, особено јужните делови од континетот. Како е можно некои многу сиромашни земји да не успеваат да ја подигнат старосната граница за пензионирање од 60 на 62 години. А ние веќе одамна работиме до 67 години, со можност да го зголемиме работниот век на 70 години“, се чуди норвешкиот амбасадор.
„Не знаеме со сигурност уште колку долго ќе можеме да извлекуваме нафта. Последните години производството почна да се намалува. Вистина е дека минатата година пронајдовме едно големо наоѓалиште на север, но прашање е за колку брзо тоа ќе почне да се експлоатира. Поради стабилната политичка клима и регулаторните принципи, во светот владее огромно интересирање за истражување и експлоатација на нафта во Норвешка“, објаснува Камсваг.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.