Парите ќе ми ги дадат по набавката: Србинот Лакушиќ е со досие и тврди дека ги набавува руските вакцини за Македонија
Објавено во: Македонија 21 Март, 2021 10:55
Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија во изјава за Ал Џезаира тврди дека е посредник на руските вакцини Спутник-В за Македонија. За телевизијата изјавил дека е единствен кој има договор со рускиот инвестициски фонд со кој гарантира испорака на вакцината Спутник В за Македонија, БиХ , Алжир и Бугарија. Тој ги потврдува и условите од договорот според кои тој прифатил сукцесивно плаќање. Парите ќе ги прими по пристигнувањето на вакцините.
БиХ веќе нарачала половина милион дози од вакцината преку посредникот и компанијата „Медимпекс“.
„Се декларирав преку фирмата „Медимпекс“ која учествуваше на третиот тендер за набавка на вакцините и уредно и законски ја добив работата со агентски договор со важност од шест месеци, до јули оваа година, вели Лакушиќ.
Инаку Лакушиќ има досие во Србија, затоа што во минатото се поврзувал со некои криминални активности. СЕпак тој вели дека проблемот го прави власта и претседателот Александар Вучиќ.“Јас сум на мета на режимот на Вучиќ и неговите медиуми, кои ми креираа досие со цел да ме дискредитираат бидејќи се судривме околу поголеми бизниси и застапништва во светот, тврди Лакушиќ.
Ги негира шпекулациите дека набавката се вржи преку сомнителна компанија во Швајцарија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




